За што се користи јаболковиот оцет?
Јаболковиот оцет е најмногу познат како средство за губење на тежината, а често се применува и за намалување на нивото на масти во крвта. Тој се користи за артритис, акни и други кожни болести, за намалување на висок крвен притисок, кај главоболки, при синдром на хроничен замор, за елиминирање на првут, за намалување на последици од горење, како и за намалување на покачен холестерол.
Јаболковиот оцет е исто така познат и како стабилизатор на апетитот. Пектинот од јаболкото ги врзува мастите и го намалува нивното таложење. Овие пектини се несварливи целулозни влакна, кои се присутни во јаболкото. Според некои теории, јаболковиот оцет помага да се намали киселоста во крвта, која се јавува поради несоодветна исхрана. Јаболковиот оцет се користи и кај болести на грлото, регулирање на варењето на храната, слаба циркулација. Исто така се користи и надворешно против јадеж, и како состојка во бањата.
Како делува јаболковиот оцет?
Јаболковиот оцет го стимулира метаболизмот на масти и традиционално се користи за регулирање на телесната тежина. Според некои студии, го намалува шеќерот во крвта и гликемискиот индекс после јадење.
Како да се зема јаболковиот оцет?
Само во форма на капсули, во никој случај во течна форма со вода, строго како готов суплемент од аптеките.
Кои несакани ефекти, може да се појават при примената на јаболков оцет?
Доколку се користи во форма на капсула телото е 100 заштитено доколку се збоупотребува и се прават рецепти на своја рака со обицен оцет може да се појави иритација на дигестивниот тракт.
Во кои случаи не треба да се користи јаболковиот оцет?
Единствено ограничување на неговата примена може да бидат стомачни проблеми: вишокот желудочна киселина, гастритис, чир на желудник и дебелото црево .