Есенска диета со тиква: Со специјалитети од тиква минус 4 килограми за 1 седмица

Нутритивните вредности на тиквата се добро познати, оваа кралица меѓу есенскиот зеленчук е богата со бета-каротин, одличен антиоксиданс е, го зајакнува имунолошкиот систем, а содржи само 35 калории во сто грама што ја прави идеална за секоја диета.

tikva 3

Со оваа есенска диета нема да почувствувате глад зашто тиквата содржи малку калории, а дава чувство на ситост. Со оглед на тоа дека тиквата ја регулира и количината на вода во организмот, како природен диуретик, помага во процесот на слабеење.

Диетата со тиква држете ја една седмица до десет дена, а со пауза од најмалку една недела можете да ја повторите во зависност од тоа колку килограми сакате да отстраните. За една седмица до десет дена со оваа диета ќе загубите 3-4 килограми. И што е најважно, ручекот во оваа диета е толку забавен што секојдневно ќе можете да дегустирате нови специјалитети од тиква.

Појадокот и вечерата се исти за секој ден од неделата – шејк од тиква

Како се подготвува?

Излупете ја тиквата (помала тиква или половина од поголема тиква), потоа исечкајте ја на коцки и заедно со 1 лажица кафеав шеќер и 1 морков сварете ја во 1 литар вода. Кога тиквата ќе биде мека, тргнете ја од оганот и почекајте да се излади. Изладена испасирајте ја во каша, заедно со морковот. Додадете сок од 1 исцеден лимон и вода по желба, во зависност од тоа дали сакате погуст или потечен шејк, и повторно добро измешајте.

Количината која ќе ја добиете поделете ја на два дела. Чувајте ја во фрижидер. Таа е вашиот дневен појадок и вечера.

tikva 5

Ручекот се состои од специјалитети со тиква

Големата гастрономска забава се случува токму за време на ручекот. Оваа диета ви дозволува голема кративност и обиди за експериментирање. Главна намирница во ручекот е тиквата, 200-300 грама, варена или пак печена. А дозволени намирници за експериментирање во креирање на специјалитети со тиква се – оризот (100 грама), пршутот (50 грама), пармезанот (30 грама), лосос (150 грама), варен спанаќ (100 грама), печурки (100 грама), варена боранија или бамија (200 грама), цимет, 1 лажица маслинов зејтин, рокула, магдонос, лук, кромид, мед (1 лажица).

Се разбира, сите овие намирници не е дозволено заедно да ги искомбинирате во еден ручек, туку да правите различни комбинации од нив, по избор.

Еве неколку примери и идеи за ручек (одберете само еден во дневното мени за ручек):    

tikva 2

Салата од тиква

200-300 грама варена тиква, излупена, исечкате на ја коцки и додадете ја во 100 грама варен ориз. Додадете исечкан магдонос по желба, 1 лажица маслинов зејтин и изрендајте 30 грама пармезан.

tikva 4

Пршут и тиква

Познат е рецептот на специјалитетот диња и пршут. Но пршутот одлично се „бакнува“ и со тиквата. За да го подготвите овој ручек потребно е: 200-300 грама печена тиква исечкана на кришки. 50 грама пршут (тенките „листови“ пршут обвиткајте ги околу секоја кришка тиква), а потоа секоја кришка наросете ја со пармезан (вкупно 30 грама пармезан). По желба додадете рокула (рока).

tikva 1

Тиква со лосос

200 грама печена тиква исечкајте ја на коцки, додадете парче печено во рерна лосос (150 грама) и 100 грама варен спанаќ со 1 лажица маслиново масло.

Тиква со печурки

200 грама печена тиква, 100 грама печурки, 30 грама изрендан пармезан и магдонос.

Слатка тиква

200 грама печена тиква наросена со цимет и малку мед.