Житарки за тенка половина

Според најновите истражувања, жените кои за појадок консумираат житарки имаат помалку килограми од другите кои пак за појадок одбираат друга храна или го избегнуваат целиот оброк. 

Како житарките влијаат на намалувањето на килограмите не е сеуште познато но научниците сметаат дека влакната, витамините и минералите во житариците имаат некоја улога во тоа.

Исто така не е познато ни зошто таа предност на житариците е од корист само кај жените. Кај мажите ни житариците за појадок ни редовниот појадок не влијаат на телесната тежина.

Во ова истражување, испитани се 4.218 возрасни личности, од кои 77% редовно појадуваат, а 22% консумираат житарки за појадок.

Меѓу жените, оние кои јаделе житарки, имале за 30% помалку проблеми со прекумерна тежина, за разлика од жените кои избегнувале појадок дури и кога се занимавале со телесни вежби или внимавале на внесот на калории. Жените кои за појадок не јаделе житарки, туку разновидна храна исто така биле склони на прекумерна тежина.

Освен тоа, научниците истакнуваат дека и калциумот од млекото – со чија што комбинација најчесто се конзумираат житарките – игра значајна улога.

Други експерти тврдат дека одбегнувањето на појадокот повеќе им нашетува на луѓето и нивната тежина, отколку што им е корисна, бидејќи луѓето потоа се обидуваат да го надоместат тоа во текот на денот со консумирање на други калорични и масни оброци.