Жешки стапала – сензацијата која што предизвикува чувство дека Вашите стапала се многу жешки може да биде од среден или силен степен. Во некои случаи, сензацијата може да биде толку силна што може да предизвика и проблеми со спиењето. На жешкото стапало можат да му бидат придружени и сензации на боцкање со игли (парестезија) или отсуство на било каква сензација или и двете истовремено.
Причини
Жарењето (топлината) во стапалата може да се јави едноставно поради тоа што тие се уморни. Атлетското стапало исто така може да предизвика жарење. Топлината во стапалата може да биде и симптом за оштетување на нервите (периферна неуропатија) која што би можела да се должи на дијабетес, експозиција на определени отрови, хронична употреба на алкохол, одредени недостатоци на витамин Б или ХИВ.
Можни причини за жарење во стапалото:
– Алкохолизам
– Атлетско стапало
– Хемотерапија
– Хронична болест на бубрезите
– ХИВ/СИДА
– Хипотиреоидизам
– Анемија поради недостиг на витамини
Побарајте медицинска помош ако:
· Сензацијата на жарење настанала ненадејно, особено ако сте биле изложени на некаков тип на токсин
· Отворената рана на стапалото е инфицирана, особено ако имате дијабетес
Јавете се на доктор ако:
· Сензациите на жарење во стапалото продолжуваат и покрај неколку неделниот домашен третман
· Симптомите на жарење стануваат се поинтензивни и поболни
· Се појави чувство дека жарењето започнува да се шири нагоре по нозете
· Започнете да го губите чувството за осет во прстите на нозете или во стапалото
Ако симптомите продолжуваат или ако не постои некоја јасна причина за нивното појавување, тогаш е потребно да се направат тестови за да се определи дали постојат услови за развивање на периферна неуропатија.
Домашна нега
· Одморете се и испружете ги нозете
· Облекувајте покомотни обувки
· Бањајте ги стапалата со ладна вода