Според научниците, постојат одредени намирници кои навистина се заштитници на женските интимни делови, па во продолжение следат намирниците ги чуваат градите и вагината на жената и кои треба редовно да се конзумираат.
Пробиотски јогурт
Научниците велат дека пробиотските јогурти се исхрана број еден за здрава вагина. Тие содржат низа на добри бактерии кои го одржуваат балансот и не дозволуваат да се развиваат бактериски инфекции во вагината, но и на други места во телото.
Ореви
Оревите се здравје за градите, велат научниците. Во студијата со стаорци, покажува дека стаорците кои биле хранети со ореви имале за половина, па и повеќе, помал ризик да заболат од тумор на дојка за разлика од останатите. Кафе Според научниците идеално е 12 грама кафе дневно, можеби звучи смешно, но оваа количина може значително да го намали ризикот од појава на агресивен тумор на градите.
Вода
Водата е неизмерно важна за целиот организам па и за овие регии. Водата ќе го подобри лубрифицирањето на вагината, ќе ги неутрализира непријатните мириси и ќе ја зачува правилната форма.
Лимон
Лимонот е одличен за вагиналните мириси. Ако сметате дека имате проблеми со непријатни мириси, едноставно зачестете ја консумацијата на лимон. Според експертите, најдобро е консумирање на лимон пред секс, тогаш вашата вагина ќе има неодоливо добар мирис.