Зајакнете го имунитетот

Подобрувањето и оддржувањето на имунитетот денес е главна тема на дискусија помеѓу многу светски медицински лица задолжени за таа работа. Нутриционистите пак, сугерираат дека лошата исхрана е главниот причинител поради кој ние стануваме подложни на сезонските настинки.

Нема начин за целосна заштита од сезонската настинка или грипот, но добрата исхрана може да ви помогне да ги избегнете овие непријатни состојби. Еве некои најприменувани совети за Вашата исхрана од нутриционистите за да останете здрави овој период.

Витамин Ц

Витаминот Ц е на првото место. За него се спроведени најмногу истражувања во врска со неговото дејство од било кој друг нутритиент. Витаминот Ц може да се најде во многу овошја и зеленчуци. За разлика од животните кои сами го произведуваат овој витамин, човечкото тело воопшто не го синтетизира и мора да го внесува. Има посебни антивирални и антибактериски бенефиции кои  штитат од болести. Овошја најбогати со овој витамин се гуава, папаја, јагоди, киви, портокал и цитрон.

Пробиотици

Живите состојки што се наоѓаат во јогуртот, посебно лактобацилусот и бифидобактеријата, можат да бидат од голема помош за имунитетот. Овие две состојки можат да помогнат во репродукцијата на белите крвни зрнца и нивната активност како и да го подобрат имунитетот кога тој се наоѓа под третман со антибиотици.

Како што е видливо од едно неодамнешно шведско истражување, луѓето кои барем еднаш дневно внесувале лактобацилус реутери (специфичен пробиотик кој ги стимулира белите крвни зрнца), зеле за 33% помалку денови боледување од работа, за разлика од луѓето кои не го правеле тоа. Храна богата со пробиотици е јогуртот, кефирот, одбрани сирења и млека и др.

Печурки

Печурките се богати со антиоксиданти и селен. Докажано е дека селенот го намалува ризикот од развивање на тежок грип, додека печурките се познати по нивните антивирални, антибактериски и анти-тумор ефекти. Белите печурки особено имаат поголем ефект на имуниот систем од другите печурки, како што е на пример видот шитаке.