За сите дијабетичари ! Задолжително одбeрете физичка активност која ќе ја практикувате секој ден.

Да, секој дијабетичар внимава на исхраната и на терапијата која мора да ја внесува но за жал, повеќето дијабетичари забораваат една важна работа, а тоа е вежбањето. Секој дијабетичар мора да биде физички активен за да има добро здравје – велат експертите во оваа област.

Храната и терапијата ја регулираат глукозата  во крвта, но вежбањето и физичката активност навистина помагаат за добрата циркулација низ целото тело и го намалуваат ризикот за појава на болести на крвните садови и ткивата кои се слабо снабдени со крв, на што се подложни дијабетичарите.

Како и на сите луѓе така и на дијабетичарите со вежбањето им се подобрува квалитетот на животот. Дијабетичарите често страдаат од нагли промени на расположението, со вежбањето оваа појава драстично ќе се промени.

Немојте да си се оправдувате дека немате време, вежбањето значително ќе ви го подобри животот, затоа одберете активност која вас ви е најомилена, не поставувајте  претерани граници и тоа правете го секогаш опуштено и во слободното време кое ќе го издвоите без разлика дали е пред или после пладне.