Анемија? Замор? Депресија? Забрзано дишење?… Погледнете кој витамин ви недостасува

Витаминот Б12, познат и како кобаламин е витамин растворлив во вода. Неопходен е за развивање и одржување на здрав нервен систем, создавање на ДНК и формирање на црвени крвни зрнца. Дефицитот на витамин Б12 може да доведе до состојба позната како мегалобластна анемија.

Недостаток на витамин Б12
Недостатокот на витамин Б12 настанува кога телото не добива доволно или не може да го апсорбира количеството витамин кое му е неопходно. Многу лица над 50 години ја губат способноста да го апсорбираат витаминот Б12 од храната и се препорачува да го внесуваат преку додатоци. Во ризичните групи спаѓаат и вегетаријанци, затоа што најдобар извор на Б12 е токму месото. Особено голем е ризикот кај веганите кои воопшто не консумираат продукти од животинско потекло. Бебињата чии мајки се вегетаријанци можно е да страдаат од недостаток на витамин Б12.Иако оваа појава се развива бавно, можат да настанат посериозни проблеми како:

  • Слабост, замор и недостиг на енергија или вртоглавица;
  • Дијареа или запек;
  • Намалена концентрација;
  • Забрзан срцев ритам и забрзано дишење;
  • Воспален јазик или крварење на непцата;
  • Бледа и жолтеникава кожа;

Доколку не се обрне внимание на оваа состојба, долготрајниот недостиг на витамин Б12 може да доведе до оштетување на нервните клетки и да предизвика некои посериозни проблеми како:

  • Депресија;
  • Халуцинации;
  • Губење на рамнотежа;
  • Конфузност и сериозни проблеми со помнењето;
  • Вкочанетост или трнење на рацете и нозете.