Според најновите истражувања со консумирањето на една до две чаши вино дневно кај жените по менопаузата доаѓа до ист ефект врз организамот како и кај жените кои пијат лекарства против остеопороза. Стотици жени по менопаузата го земаат лекот bisfosfonat, кој спречува слабеење на коските и доведување до остеопороза.
Но, со најновите истражувања кои ги направиле научниците, малото количество на вино дневно може да ги даде истите резултати како и лекот, пишува списанието Menopause.
Едно неодамнешно истражување од универзитетот во Орегон, дошло до заклучок дека жените кои пијат по 20 грама вино дневно имаат одличен минерален баланс на коските, односно имале одлично цврсти коски.
Откако дел од тие жени престанале со навиката редовно да конзумираат по 20 грама вино, минералниот баланс на коските видно се нарушил, што јасно дало до заклучок дека малата количина на алкохол по менопаузата ги чува коските.
Остеопорозата исто така често се нарекува и тивок убиец бидејќи нема видливи симптоми, а кога лицето еднаш ќе скрши коска, ризикот тоа да се случи повторно драматично расте. Виното и пивото се одлични во борба со остеопорозата, ја зголемуваат густината и ги јакнат коските – велат научниците, па затоа и препорачуваат консумирање на мали количества на вино или пиво, особено за жените кое се наоѓаат во менопаузата.