Вегетaриjанството во мода за совршено и здраво тело

Додека во САД постојат здрави производи кои се нарекуваат „ супер храна“, во Европа постои изразот функционална храна. Овој израз се однесува на одредени производи кои му помагаат на нашето тело и метаболизам, а со тоа се ефикасни и во текот на слабеењето.

moda 2

Станува збор за вегетаријански производи кои заедно со правилната исхрана, можат дополнително да ви помогнат во регулирањето на телесната тежина, па така и кај здравото слабеење.

Кељ

Кељот содржи повеќе од 45 видови различни флавоноиди, кои се многу здрави за организмот, бидејќи станува збор за моќни антиоксиданси, кои го чистат организмот. Освен тоа кељот е богат и со железо, калциум, витамин Ц и омега-3 масни киселини. Тоа што би ги интересирало лицата кои сакаат да ја намалат телесната тежина е податокот дека тој има многу малку калории.

Пармезан

На сите им е познато дека пармезанот совршено одговара на италијанската кујна. Ова тврдо сирење е богато со протеини кои се претвораат во пептони, пептиди и слободни аминокиселини, а тоа во дигестивниот систем го има истиот ефект како претходно да сте ги свариле.

moda 3 Овес

Овесот содржи растворливи влакна, кои можат да помогнат во намалување на можностите од срцеви заболувања, но и за подобро варење. Општо, кога се зборува за целите зрна од житарки, познато е дека содржат многу хранливи состојки, минерали, витамини, протеини и јаглени хидрати кои се неопходни за организмот.

Од минералите најмногу содржи фосфор, калиум, магнезиум, калциум, железо, цинк, бакар и манган. Од витамините содржи Б комплекс.

moda 1

Гоџи бобинки

Сигурно веќе сте слушнале за многубројните полезности од овие бобинки, кои можете да ги консумирате во вид на чај, сок па дури и вино. Содржат 33 вида различни минерали, потоа 18 аминокиселини, шест еснцијални витамини, јаглени хидрати, протеини, масти, растителни влакна… Гоџи бобинките се богати со различни антиоксиданти, кои го подобруваат имунитетот и го намалуваат холестеролот. Посебно се добри за исфрлувањето на слободните радикали од организмот, а тоа може да помогне во спречувањето на најопасните болести. Исто така антиоксидативните својства во комбинација со витаминот А, кој исто така го има во овие бобинки, можат да го забават процесот на стареење.

Леќа

Леќата помага во лекувањето на дијабетес тип 2. Покрај тоа таа е извор на високо квалитетни и лесно сварливи протеини. Истражувањата покажаа дека леќата може да помогне во намалувањето на холестеролот, маснотиите и каменот во жолчката.

Боровница

Доколку мислевте дека боровницата е само вкусно овошје за салати и колачи, сигурно ќе се изненадите од сознанието дека таа директно влијае на намалувањето на маснотиите во организмот, особено на оние делови околу половината, а исто така ја намалуваат можноста од појава на кардиоваскуларни болести. Боровницата е моќен антиоксиданс бидејќи содржи: антоцијанин, витамин Ц, Б-комплекс, витамин Е, витамин А, бакар, цинк, железо, селен, помага во спречувањето на инфекции, воспаленија и во борбата против бактериски и вирусни инфекции.