Вашето малечко не сака да јаде ? … Имаме решение !

Родителите можат да го подобрат апетитот кај своите деца ако на масата постават јадења кои што естетски добро изгледаат, се вели во новата студија.

Студијата спроведена од страна на Корнел Унивезитетот покажа дека децата преферираат храна која што на масата се презентира во повеќе бои и во повеќе садови, за разлика од возрасните кај кои тоа не е случај.

Возрасните биле најзадоволни кога јадењето се презентира во три бои и три садови, додека за децата била поинтересна храната презентирана во шест бои и седум садови. Заклучокот на истражувањето е дека со зголемувањето на боите на храната и чиниите на масата може да се подобри апетитот кај децата кое се карактеризираат како слаби “јадачи“.

Исто така, покрај вкусот и мирисот, луѓето ги интересира и обликот, големината и визуелната претстава на храната.

Пронајдено е и дека позицијата на храната во чинијата влијае на апетитот кај децата кои што преферираат истата да биде поставена во долниот дел на чинијата. Возрасните пак, преферираат храна поставена во средина на чинијата.