Убави со магичната сон терапија

Идејата дека на некои луѓе им е потребна терапија со спиење за да изгледаат поубаво побарува научно докажување.

Луѓето кои се депривирани од сон подолго време, изгледаат помалку атрактивни и понездрави откококу оние кои се добро одморени. Волонтерите во истражувањето биле фотографирани после 8 часовен сон и после 31 час поминати во будна состојба.

Набљудувачите забележале дека учесниците кои биле лишени од сон изгледаат понездраво и понеактрактивно.

Според некои истражувачи состојбата можела да биде и полоша зошто фотографиите кои се направени после 31 час поминати без сон се направени на дневна светлина, т.е дење кога телото прородно промовира состојба на будност, замислете фотографиите да се направени ноќе кога телесниот часовник промовира сон?

Но според научниците од Каролинска Институтот во Стокхолм на овие тврдења им недостасува научен пристап.
Меѓутоа, овие резултати можат да им бидат корисни на лекарите во проценката на болеста кај своите пациенти, како и во препознавањето на одредени симптоми.