Бидете здрави со следење на едноставните правила кои ви ги советува познатиот д-р Оз и ќе се чувствувате и изгледате најдобро што може.
Редовното вежбање, кое не секогаш мора да биде тешко и добрата исхрана се од суштинско значење за постигнување и одржување на саканиот здрав изглед. Според здравствената филозофија на познатиот доктор Мехмет Оз, потребни се минимални напори да бидете здрави и во добра форма, а воведувањето на следните десет совети во секојдневниот живот ќе ви помогне да се чувствувате подобро.
1. Бидете силни, а не слаби
Треба само 7 минути дневно да вежбаме како нашето тело нема да биде „рѓосано“. Дури и ако имате преполн распоред и не стигнете до салата или фитнес центарот, ваквото кратко време за протегнување и вежбање е добар начин да му се помогне на телото да остане силно и во форма. Сила и издржливост ќе си обезбедите и ако пешачите дневно по 8 км .
2. Исфрлете го “белиот отров” од исхраната
Најголемиот непријател што треба да се отстрани од вашата исхрана или барем да се намали нивната потрошувачка се: шеќер, сол, млеко, брашно и бел ориз. Преку овие производи го нарушувате метаболизмот и имунитетот. Ако ги отстраните од вашата исхрана многу ќе допринесете за губењето на вишокот килограми.
3. Јадете брокула
Природен прочистувач на црниот дроб и борец против ракот е брокулата. Овој зелен зеленчук е полн со состојки кои се корисни за вашето тело и го осигуруваат вашето здравје. Препорака од д-р Оз е брокулата да ја чистите и исечете 5-10 минути пред самата употреба и да не ја готвите во водата туку на пареа за да ги задржи корисните состојки.
4. Внесувајте доволно витамин Д
Јадете многу лосос, туна, скуша, месо, печурки и жолчка од јајце во кои најмногу има витамин Д.
Имунитетот и метаболизамот ќе бидат повеќе од благодарни ако ја консумирате оваа храна. И умерената изложеност на сонце е исто така одличен начин за снабдување на телото со потребната количина на витамин Д.
5. Пијте 8 чаши вода на ден
Водата е живот – факт е дека е од суштинско значење за здравиот организам. Особено ако сте на режим на здрава исхрана и физичка активност за губење на несаканите килограми, секако, не заборавајте да пиете доволно вода за да се спречи дехидрација на телото, која доведува до замор и губење на енергија.
6. Секојдневно консумирајте зелен чај
Овој пијалак е богат со антиоксиданси кои се одговорни за здравото срце и борбата на организмот против ракот. Вклучете го во вашата дневна навика и можете да бидете сигурни дека ќе ви овозможи многу придобивки.
7. Внесете есенцијални хранливи материи во исхраната
Витамини, минерали, есенцијални амино киселини и есенцијални масни киселини особено му се потребни на телото, а нивниот внес може да се обезбеди преку храната. Правилна и урамнотежена исхрана која е богата со растителни влакна, житарки, зеленчук и немрсно месо ќе ве направи поздрави и отпорни на лошите надворешни влијанија.
8. Оставете го десертот за подоцна
Желбата за благо немојте целосно да ја игнорирате дури и кога сте на диета, дозволете си мали гревови, ако чувствувате потреба за шеќер, само внимавајте да ја задоволите најмалку 2 часа по јадењето бидејќи шеќерот ја спречува апсорпцијата на хранливите материи. Како што е препорачано од страна на д-р Оз слаткиот оброк нека биде малку темно чоколадо, а тоа се должи на фактот дека какаото е корисно за подобра циркулација и подобар протокот на крв во мозокот.
9. Спијте најмалку 7 часа дневно
Овој совет е од корист за сите, особено се однесува на оние кои се борат со вишокот килограми – недостатокот од спиење е непријател на сите напори направени за губење на тежината. Седум часа квалитетно спиење ги подобрува виталните функции во телото и го обновува .
10. Не прескокнувајте го појадокот
Појадокот е најважниот оброк. Започнете го денот со здрав појадок, со цел да ја задоволите гладта која организмот ја чувствува по будењето како не би дошло до забавување на метаболизмот. Навиката за појадок, толку полесно ќе ја добиете ако секое утро јадете иста или слична храна.