Сусамот e старо растение кое веќе 5 000 години се одгледува и користи во исхраната. Порано се мислело дека нема некој посебен ефект, но денеска научниците се повеќе го потврдуваат спротивното.
Сусамот е билка која расте во висина до 2 метри. Цветовите на сусамот можат да бидат различно обоени, а семките можат да бидат бели, смеѓи и црни. Луѓето го користат најчесто како зачин на исхраната бидејќи и дава посебен и специфичен вкус.
Во последните 2 децении сусамот и маслото од сусам направија вистински бум бидејќи се направија и истакнаа бројни корисни истражувања во врска со него. Во продолжение ви презентираме некои од нив.
Со сусам против висок крвен притисок
Според научниците маслото од сусам е одлично во борбата со високиот крвен притисок, го намалува систолниот и дијастолниот притисок, а ги намалува и маснотиите во крвта.
Со сусам до намален ризик од карцином
Според досегашните истражувања сусамот има одлични елементи кои се борат против појава на малигно ткиво и е најделотворен во борбата против рак на:
– Простата
– Дојка
– Бели дробови
– Панкреас
– Коски
Со сусам до здрава кожа
Научниците повеќепати истакнале дека сусамот има значително количество витамин Е, па така маслото од сусам е одлично против стрии и ја одржува кожата здрава и нежна.