Стоп за менструалната болка со витамин Д

Во истражувањето земале учество мал број на жени лекари од гинеколошката болница во Бостон и утврдиле дека високите дози на витамин D3 ги ублажуваат болките при менструација. Тоа дава надеж дека во иднина витаминската терапија може да се користи за терапевтски цели кај болен месечен циклус наместо хормоналните лекови кои се применуваат за таа цел во моментов.

Дисменореата е заеднички проблем кај жените кои се во репродуктивна возраст, тврди д-р Џоан Мансан, началник одделот во бостонската здравствената установа. Обично за терапија на состојбата се препишуваат орални контрацептиви или се земаат лекови против болки кои се нудат во аптеките без рецепт, но тие имаат мноштво на несакани ефекти, што не секогаш ги прави добра алтернатива, коментира докторот.

Витаминот D има својство да го намали производството на цитокини, супстанци кои ги провоцираат воспалителните процеси во организмот и простагландините што се сметаат за главен виновник на непријатните грчеви за време на менструацијата.
Во истражувањето на лекарите учество земале 40 жени, на кои им се примениле високи дози витамин D. Два месеци по почетокот на терапевтскиот курс жените пријавиле дека болките за време на менструација се намалиле за 2-3 степени на скала од 0 до 10.

Дозволената дневна доза на витамин D е околу 600 IU за жени од 19 до 50-годишна возраст, а при одредени состојби може да се даде и до 4000 IU. Повисоките количини можат да му наштетат на срцето, крвните садови и бубрезите.

Нормално нашата кожа синтетизира витамин D при нејзините контакти со сончевата светлина.

НАШ ПРЕДЛОГ: calcium+vitamin-D
NATURE ESSENTIALCALCIUM500&VITAMIN D 

 

Продажни места на производите на NATURE ESSENTIAL:

  • Во сите аптеки на ЕУРОФАРМ
  • Во сите КОСМО – ТИНЕКС ДРОГЕРИИ
  • Во сите ДМ маркети/дрогерии
  • Во сите продавници на МАРВИК  – ЗДРАВА ХРАНА и во сите подобро снабдени аптеки низ  Македонија.

Производите на NATURE ESSENTIAL може да ги нарачате на телефонскиот број 02 3218 821 и истите да ви бидат доставени на Вашата домашна адреса за најдоцна 48 часа.