Што треба да јадете доколку боледувате од астма?

Астмата е мултифакториелна болест која се карактеризира со акутни напади на губење воздух, кашлање, тешко дишење кои можат да варираат од благи до опасни по живот.

Нападите на астма се предизвикани од алергени кои се вдишуваат, како на пример прашина, полен, животински влакна, како и физички стрес, инфекција, храна. Зависно од тоа се јавуваат различни патофизиолошки промени.

Исто така голем дел од секојдневните намирници како пченица, млеко, кикиритки, риба, јајца или прехрамбени адитиви како сушено овошје, потоа колбаси, џем, оцет, пиво, конзерванси како и гуми за џвакање, можат да предизвикаат астма.

Постојат податоци дека астмата во адолесценција е предизвикана од производи богати со белковини и масти од животинско потекло.

За ублажување на астмата треба да се намали конзумирањето на масти од животинско потекло и од секојдневната употреба да се исфрли лукот, мрсните риби и зеленчукот богат со Ц витамин.

Пациентите кои боледуваат од астма добро го поднесуваат кафето благодарение на неговиот метаболит теофилин, кој делува како бронходилататор.