Што може да значи сврабежот на градите ?

Сврбежот на градите може да биде сериозен симптом, нагласуваат научниците. Може да биде и минливо или да биде предизвикано од преосетливост на некоја супстанца, но може да биде и симптом на рак.

Сврбежот како симптом на преосетливост на хемиски елемент

Доколку приметите сврбеж на градите веднаш размислете дали сте смениле нешто во вашите животни навики. На пример дали сте го смениле прашокот за перење, дезодорансот, парфемот или било каков хемиски елемент кој се нанесува близу до телото. Сврбежот на градите може да биде резултат на преосетливост на некој хемиски елемент. Супстанцата треба да ја откриете и веднаш да престанете да ја користите.

Сврбежот како симптом на намален имунитет

Сврбежот може да биде симптом на намален имунитет. Може да биде резултат на габична инфекција, хронично откажување на бубрезите или резултат на сува кожа или прекумерно потење.

Сврбежот може да биде нормален симптом во одреден период од животот

Сврбежот може да биде нормален симптом во одреден период од животот, така е нормално да се јави сврбеж на градите во периодот кога тие се формираат и добиваат на тежина односно во адолесценцијата, исто така и пред периодот на лактација за време на бременоста.

Сврбежот на дојката може да значи рак на дојка

Сврбежот на дојка може да значи и рак. Ако сврбежот се јавува само на една дојка плус тоа е проследено со оток или црвенило и чувство на тежина, може да биде сериозен симптом кој укажува на рак на дојката.

ОВА Е САМО ИНФОРМАТИВЕН ТЕКСТ И ИСТИОТ НЕ ТРЕБА ДА ПРЕДИЗВИКА ВОЗНЕМИРЕНОСТ НИТУ ПРЕТПОСТАУВАЊЕ БЕЗ РЕДОВНА КОНТРОЛА ИЛИ КОНСУЛТАЦИЈА СО МЕДИЦИНСКО ЛИЦЕ