Што да јадете по тренинг?

По напорниот тренинг многу e важно да се надомести изгубената енергија, a притоа да не направите спротивен ефект и ја неутрализирате напорната работа со погрешен избор на храна . Во продолжение следи листа на храна која е добра за брзо да ја вратите изгубената енергија, а која  нема да ја загрози вашата линија.

1. Мусли и јогурт

Мусли, храна богата со јаглехидрати, влакна и протеини е нешто што треба да го вклучите во вашето мени по вежбањето. Како совршена комбинација можете да додадете и јогурт, кој е богат со протеини и ќе добиете совршен мал оброк кој брзо ќе ви ги наполни батериите за идните активности.

2. Фрапе

Јогуртот како една од состојките на овој вкусен напиток помага во намалување на болката предизвикана од напорен тренинг и мускулните воспаленија. Измешајте го со некои овошки и ќе добиете совршен пијалок кој ќе ве освежи, но и засити после вежбање.

3. Зеленчук подготвен на пареа со тофу сирење

Ние веќе истакна дека многу е важно да внесете протеини после вежбање, а овој оброк, освен што е богат со нив во тофу сирењето, му помага на вашиот организам да извлече максимална корист од вежбањето односно вашето тело правилно да ги искористи сите придобивки од тренингот.

4. Сушено овошје

Слободно можете да грицкате сушено овошје после напорните вежби. Оревите се богати со протеини а јаглехидратите се добри за обновување на оштетеното ткиво по напорните вежби.

5. Хумус

Хумусот е направен од наут кој е богат со протеини и јаглехидрати, па се вбројува во храната која треба да  ја јадете после тренингот.

6. Пилешки или туна сендвич

Ако сакате одреден оброк кој ќе ве засити по напорните вежби, најдобар избор е туна или пилешки сендвич. Хранливите својства на оваа храна се одличен избор за брзо закрепнување и надоместок на енергијата.