Дишете длабоко и слободно и за време на сезоната на вируси и грипови. Лековитата моќ на ова корејско неколку вековно богатство ќе ви помогне да уживате во зимските задоволства.
За огромниот спектар на доблести кои ги поседува жен шенот би можеле многу да зборуваме. На кратко: ова мало, навидум грдо коренче е еликсир на животот! Дијапазонот на состојби за кои се корисни овие коренчиња е огромен. Можеби има лековите моќ во секој сегмент од човековото тело кое ќе ви падне на памет. Корисен е како за справување со психички, така и за физички стрес.
Но, да се вратиме на изнемоштувачките вируси и настинки кои го напаѓаат директно имунитетот во овој период од годината. Превентивната и лековитата моќ на жен шенот се состои во активноста на полисахаридите наречени гинсенозиди, кои го активираат антивирусното дејство на лимфоцитите и ги стимулираат макрофагите за покачување на имунитетот. На тој начин самиот жен шен во организмот го враќа постојаниот баланс и делува терапевтски.
Освен што влијае директно на имнуитетот, жен шенот е одличен при справување со акутните респираторни инфекции кои знаат да бидат вистинско малтретирање. Едно канадско истражува кое вклучило 130 испитаници во рок од 4 месеци на возраст од 18 до 64 години, покажува дека испитаниците кои биле подложени на плацебо, имале 50% повеќе јавувања на респираторни инфекции и подолг период на закрепнување им бил потребен за разлика од оние испитаници кои консумирале жен шен.
Сезонскиот грип е сериозна респиратоена болест која предизвикува годишни епидемии кај луѓето ширум светот, а резултира со 3 до 5 милиони случаи и околу 250,000 смртни случаи.