Микрочудо за зајакнат имунитет

Природата повторно издвојува победа над хемичарите…

Спирулината е тајното оружје на здравиот организам. Оваа чудесна алга се употребува за лекување и зајакнување на организмот уште од древни времиња. Поради многуте благодети се нарекува „зелена крв“, покрај што го прочистува организмот, истовремено ја зголемува енергијата, концентрацијата, а ја намалува анксиозноста и депресијата. 

Спирулина за здрав организам и зајакнат имунитет
Сите ние сме постојано изложени на настинки и вируси. Таквото изложување го намалува имунолошкиот систем. Исхраната во која недостасуваат хранливи материи, зголемениот внес на шеќери и неконтролираната употреба на антибиотици кои ја нарушуваат цревната флора се причинители на намален имунолошки систем.

Спирулината е  извонредна комбинација на бета-каротен, хлорофил, витамини на Б комплексот, комплетни протеини, ГЛК и мноштво на минерали и ензими. Ги содржи  сите есенцијални амино киселини, 28 пати повеќе нетоксично биолошко железо отколку говетскиот црн дроб и 23 пати повеќе од спањаќот, 3 пати повеќе витамин Е од пченичните ‘ркулци, 5 пати повеќе калциум отколку млекото, 4 пати повеќе протеинотколку тофу (сирење од соја) и 25 пати повеќе бета-каротен од морковот.

Спирулината не само што обезбедува важни витамини и минерали, исто така го зајакнува природниот имунитет, со што стануваме отпорни на кашлици и настинки кои многу лесно се шират.