Болки во стомакот и во кичмата? Го пропуштивте Вашиот омилен тренинг? Станувате на лева нога? Нѐ и овој пат…ние имаме одлично и природно решение.
Што е предменструален синдром?
Пременструалниот синдром ги опишува симптомите кои се јавуваат после овулацијата и кои се ублажуваат кога ќе започне периодот. Постојат над 150 симптоми поврзани со ПМС; тие можат да бидат групирани во 5 категории. Жените може да страдаат од претежно еден тип на ПМС или можат да имаат симптоми кои опфаќаат неколку категории.
Пилули при ПМС
Понекогаш болките се неиздржливи и често докторите препишуваат контрацептивни пилули, што значи дека во Вашиот систем има невообичаено високи нивоа на хормони, особено ако сте земале пилули долго време. Повеќе нема потреба од тоа.
Постои надеж, а таа се вика Спирулина
Се смета дека ПМС влијае на 70-90% од жените кои имаат менструација. Предменструалните симптоми и болки денеска се широко прифатен проблем. Менструацијата и периодот пред него не треба да бидат непријатно искуство. Правилната исхрана и хербалната поддршка нудат природни решенија за ублажување на низа симптоми на ПМС.
Спирулина е чудесен лек за тешките симптоми на ПМС, со кои жените се соочуваат со години. Таа помага да се олесни тензијата и несоницата. Секоја жена која внесува Спирулина во својата исхрана ќе има регулирани симптоми на ПМС. Исто така, помага и при регулација на месечниот циклус, во случаи кога постои нередовна менструација. Со Спирулината болките во стомакот и кичмата значително се намалуваат.