Спирулинa прави чуда… 5 причини зошто да ја пробате + РЕЦЕПТИ ЗА СПИРУЛИНА – СМУДИ

Денеска ќе зборуваме за здравјето. Навистина верувам дека здравјето доаѓа одвнатре и затоа решив да споделам една од моите мали здравствени тајни со вас – Спирулина.

Спирулина за разлика од се друго,  е супер-храна. Тоа се синозелени алги кои можат да се најдат во океани и свежа вода. Може да се купи во форма на капсули и бидејќи се суши бавно на ниска температура ја зачувува содржината на исхраната.

5 Причини зошто треба да ја пробате магичната Спирулина

  1. Неверојатен извор на протеини (посебно ако сте вегетаријанец)

Спирулината е 60% протеин, што значи дека е совршена за конзумирање после тежок тренинг (или како закуска пред тренинг) при што помага во обновувањето на мускулите. Исто така ја зајакнува вашата енергија и помага во оние моменти кога си мртов гладен.

2. Таа е одличен детоксификатор: Спирулината помага  во чистење на токсините од телото бидејќи е многу добра за апсорпција на тешки метали. Таа исто така помага да се зголеми стапката на клеточна регенерација, па дури и овозможува ефикасно варење.

Богата е со гама-линоленска киселина (gamma-linolenic acid – GLA): која е есенцијална масна киселина и помага во балансирање на хормоните, растварање на масните наслаги, намалување на лошиот холестерол, па дури и спречување на срцеви заболувања.

3. Извор на железо: Спирулина е многу богата со железо, што ја прави одлична опција за веганите и вегетаријанците.

4. Богата со  хранливи материи: Спирулината е богата со антиоксиданти, со Б витамини, магнезиум, Д и К  витамини и бета-каротини.

5. Прилагодлива за секој пијалак. Спирулината е одличен додаток за смуди, чинии полни со овошје и сокови.

 

Спирулина Смуди (неизбежно после тренинг)

  • 1 чаша млеко
  • 1 чаша замрзнати мешани бобинки
  • 1 свежа банана
  • 5 таблети спирулина
  • 1 лажица протеин од сурутка (по желба)
  • Малку мед или стевиа за да се заслади (по желба)

 

Супер зелено спирулинско смуди

  • 1 чаша кокосова вода
  • 1 краставица
  • 1 чаша лисја од спанаќак
  • 1 зелено јаболко
  • 5 таблети спирулина
  • Малку мед (по желба)

 

Забелешка: Јас не сакам да користам соковник и сакам да ги зачувам сите влакна во пијалакот. Тоа е вкусно, здраво и  помага на вашиот метаболизам. Ставете ги состојките во вашиот брз блендер и мешајте околу 30-45 секунди или додека не биде убаво и мазно.

Се надевам дека ова ќе ви се допадне исто колку и на мене!

Неда