Со храна против сите „женски проблеми“

Секоја жена на одредена возраст почнува да се жали на некои неспецифични болки – слаба главоболка, стомачна болка неколку дена пред месечниот циклус, болки во мускулите, итн…. Некои од нив се грижат за своето здравје, други се премногу зафатени со работа, семејство и немаат време да се погрижат за себе си. Но, за возврат природата се погрижила за претставничките на понежниот пол кои не сакаат многу да употребуваат лекови или се премногу затрупани во обврски да обрнат внимание и на себе.

Ви нудиме неколку природни извори на здравје, кои се лесно достапни и вкусни:

Ленено семе

Лененото семе е богато со Омега 3 масни киселини, кои придонесуваат за хормоналниот баланс на организмот. Тие штитат од срцеви проблеми, кои се една од водечките причини за предвремена смрт кај жените. Хранливите влакна во ленот имаат својства на антиоксиданси, кои го чистат организмот од отровите и истовремено ја прават кожата нежна и убава. Лененото семе ја зголемува плодноста и ги ублажува болките при менструација. Омега-3 масните киселини се многу нестабилни и при изложеност на светлина се подложни на оксидација. Затоа купувајте само свежо ленено семе.

Грав

Во гравот речиси нема холестерол и маснотии, па затоа тој е соодветна храна за жените кои практикуваат здрава исхрана. Тој е одличен извор на протеини зеленчук и влакна. Статистиките покажуваат дека кај поголемиот број на заболени жени од карцином на дебелото црево , дури повеќе отколку за оние кои страдаат од карцином на дојка, се важни фитоестрогените – природни растителни хормони, кои се присутни во гравот и го чуваат организмот од овие неоплазми.

Агруми

Светлите овошје, како портокали и папаја, се богати со витамин Ц, кои го забавуваат процесот на стареење. Наместо да правите скапи козметички третмани јадете свежи агруми. Портокалите се одличен извор на фолна киселина, која го намалува ризикот од вродени дефекти и губиток на меморија. Тие содржат бета-каротен, кој се акумулира во кожата и дејствува како природно средство за сончање.

Ѓумбир

Оваа состојка го ублажува гадењето и повраќањето за време на бременоста. Тој помага и за побрзо закрепнување по раѓањето. Вклучете ѓумбир во исхраната за да се ослободите од стомачните грчеви.

Брокула

Брокулата е богат извор на калциум и витамин Б, кои играат важна улога за здравјето на коските. Тие содржат сулфурофани кои штитат од рак и го отстрануваат вишокот на естроген. Зголеменото ниво на естроген во организмот може да предизвика гојазност, хормонални нарушувања и да го зголеми ризикот од создавање на цисти или рак на дојка.

Боровинки

Овие шумски плодови имаат способност да лекуваат акутни инфекции на уринарниот тракт, од кои жените страдаат повеќе отколку мажите. Сокот од боровинки е богат со витамин Ц од кој урината се оксидира и се намалува веројатноста од појава на иритации. Црвените боровинки помагаат во лекувањето на грип и стомачни болки.

Спанаќ

Еден од најдобрите извори на фолна киселина – спанаќот, штити од вродени дефекти, срцеви болести, деменција и рак на дебелото црево. Антиоксидансот – лутеинот во спанаќот ја штити кожата од изгореници и дехидратација и ја забавува појавата на бори на лицето.

Пченични никулци

Половина чаша житни ембриони им обезбедува на жените повеќе од половина од потребната дневна доза магнезиум. Тој игра важна улога во намалување на стресот, за зајакнување на коските и регулирање на тироидната функција. Кај 20% од жените по менопаузата оваа функција е нарушена. Магнезиумот помага и во производството на инсулин.

Ниско калорично кисело млеко

Жените по 45-годишна возраст често страдаат од остеопороза поради намалување на естрогенот во организмот – губење на коскената материја по менопаузата. Ресорпцијата на доволни количини на калциум е клучна за заштита од остеопороза, а јогуртот е одличен извор на оваа материја. Тој е богат извор и на пробиотици и создава добра средина за развој на корисните бактерии во дигестивниот тракт, што од своја страна доведува до зајакнување на имунитетот.

Риба

Рибите, како лосос, скуша и туна, се добар извор на Омега-3 масни киселини. Тие придонесуваат за намалување на ризикот од формирање на тромби, што може да се случи при подолго користење на орални контрацептиви. Овие киселини се многу корисни за бремените жени и доилките, зашто помагаат во оптималниот развој на мозокот и видот на бебињата. Омега-3 масните киселини го зголемуваат нивото на серотонин, кој го подобрува расположението и се бори против постпарталната депресија.

Совет на експертите

Збогатувањето на исхраната со горенаведените намирници не може да ги замени консултациите со специјалист по одредена област доколку страдате од сериозен здравствен проблем!