Минералите се елементи кои се неопходни на нашиот организам за негова правилна функција. Некои од нив делуваат како антиоксиданси и го штитат организмот од многу болести. Еден од нив е селенот и ако не сте знаеле многу за него и неговото значење, во овој текст ќе откриете за што сѐ „го бива“. Селенот е вклучен во 50 до 100 различни протеини во телото и има повеќе улоги, од изградба на срцевиот мускул до здрава семена течност. Всушност за тоа и ќе зборуваме денеска.
Репродуктивно здравје
Селенот е клучен и за репродуктивното здравје на мажите и жените. Особено за мажите, кои денеска сѐ почесто страдаат од неплодност. Тој овозможува правилно движење на спермата. Студиите покажаа дека нискиот селен, исто така, може да има негативно влијание врз плодноста на жените и на феталниот раст.
Недостаток на селен – причина за неплодност
Со начинот на живот, последниве години неплодноста е зголемена за 40%, многу двојки се прашуваат како да ја зголемат плодноста на мажите по природен пат.
Зголемување на плодноста кај мажите
Селенот е главен микро-минерален антиоксидант важен за функцијата на имунолошкиот систем и тироидната жлезда, за здравјето на градите кај жените и за зголемување на машката плодност. Мажите го губат селенот во спермата и недостатокот настанува поради нискиот број на сперматозоиди, лошата подвижност. Дефицитот на селен не може да доведе само до неплодност, туку и да го зголеми ризикот од срцева слабост, рак, заболување на црниот дроб, губење на косата и промени на кожата. Студиите покажале дека витамин Е и селен заедно имаат заштитни и корисни ефекти за квалитетот на спермата. Оваа комбинација е успешна за зголемување на плодноста кај мажите.
Извори на храна
Бразилски ореви (2-3 ореви на ден)
Сардини
Лосос
Органски јајца
Семки од сончоглед
Органско пилешко
Чиа семе
Печурки
Кромид
Лук
Морски плодови