Медицината ги препознава лековитите и хранливите карактеристики на виното веќе илјадници години. Виното е природно средство за смирување кое служи за намалување на анксиозност и тензија. Умерена консумација на црвено вино е превентивна мерка за срцеви болести и некои форми на рак. Па кој вели дека не е здраво да се заврши денот со чаша сортно вино, сигурно греши.
Магичното дејство на Ресвератрол
Некои од вас можеби слушнале, некои можеби не…Состојката која е одговорна за неутрализирање на неповолностите од исхраната се нарекува ресвератрол. Се наоѓа во лушпата на семката на грозјето.
Ресвератролот функционира како антиоксидант кој ги спречува молекулите познати како „слободни радикали“ да ги уништуваат клетките во организмот. Научниците утврдиле дека таа состојка во организмот ги активира протеините кои се најефикасни во борбата против:
- кардиоваскуларни заболувања – како кардиопротектор со што превентира миокарден инфаркт и мозочен удар;
- дијабетес тип 2;
- малигни заболувања – на дојка, простата, желудник, дебело црево, панкреас, бели дробови и тироидна жлезда;
- алцхајмерова болест и дементни заболувања – ги заштитува нервните клетки од оштетување и насобирање на плака;
Не додавајте години во животот, додајте живот во годините
Дејството на ресвератролот позитивно влијае на митохондриите на клетките, присутни во сите органи на телото и помага да се зголеми нивната активност со продолжување на нивниот живот. Спречува чести оштетувања на крвните садови, го намалува ризикот од тромбоза и штити од кардиоваскуларни заболувања.
Благодарение на своите анти-воспалителни својства, делува и како смирувачко дејство на кожата од секојдневната штета што ја произлегува од отровите и изложеноста на сонце. Ја обновува кожата со брчки и ја активира основната фукнција на кожата против стареење.
Конечно, ресвератролот може да согорува маснотии, да го зајакне мускулниот систем, но главно може да помогне во функцијата на срцето и правилната функција на мозокот. Како состојка која е најпозната за продолжување на животниот век и одложување на процесот на стареење, на ресваратролот му се препишува и едно друго својство, а тоа популарно би се нарекло „еликсир на младоста“. Тоа е тајната на повеќето здрави луѓе низ светот кои живеат подолго. Затоа уживајте во виното одговорно и почувствувајте ги неговите благодети.
Неда
Наша препорака: NATURE ESSENTIAL – РЕСВЕРАТРОЛ
Телефон за нарачка: 02 3218 821