Ако имате болки во зглобовите, првиот чекор во лекувањето е да се консултирате со доктор за да се заклучи дали болката е предизвикана од примарен медицински проблем, како што е остеоартритисот. Без разлика дали тоа е случај за вас, или имате примарни симптоми на болки во зглобовите, внесување на желатин во вашата исхрана може да помогне да ја обновите ‘рскавицата и да го зајакнете вашето тело. За среќа, постои едноставен (и вкусен) начин на кој можете да ги искористите придобивките од желатин со овој рецепт за природен пијалак.
Состојки:
1 чаша овесна каша
1 лажичка цимет во прав
2 лажички желатин во прав
1 чаша сок од природен портокал (избегнувајте користење сок од портокал со додадени шеќери)
Некоолку столчени бадеми
1 лажичка органски мед
8 чаши вода
(Ова е рецепт за 2 порции, за двајца)
Инструкции:
Варете ја овесната каша 10 минути и оставете да се олади. Додајте го циметот во прав, желатинот, сокот од портокал, бадемите и медот. Се меша темелно додека смесата не се израмни, додека не се добие изедначен тон. Овој рецепт има доволно за две порции, односно за две пиења, или за двајца. Првата чаша можете да ја испиете во утринските часови, а потоа да ја чувате во затворен сад или тегла во вашиот фрижидер до после ручекот. Пијте го овој напиток двапати дневно вкупно 15 дена.
Начин на чување:
Откако ќе го направите пијалокот, тој може да се чува во затворен сад во вашиот фрижидер. Не заборавајте да ја промешате мешавината подолго време пред да ја внесете. Многу луѓе гледаат на стареењето од негативна перспектива. Но, живеејќи во постојан страв од потенцијална болка, само ќе ве спречи да го живеете својот живот во сегашноста, да уживате во моментот. Едукацијата не само што ќе ви овозможи да живеете без непотребни болки, но исто така ќе ви помогне да се чувствувате подобро секојдневно, и емотивно и физички. Вие заслужувате да се чувствувате добро секој ден од вашиот живот, и овој вкусен рецепт ќе им помогне на вашите зглобови да ве издржуваат здраво секој ден, секој момент.