Сите знаеме за маслиновото масло и неговото благотворно дејство врз срцето и крвните садови. Денеска како потврда на сето тоа што го кажавме ни доаѓа и веста од најновото истражување во кое се тврди дека маслиновото масло е природен анелгетик.
Сите знаеме дека медитеранците се најдолговечни, вели доктор Гари Бичам, од универзитетот во Филаделфија кој го предводел истражувањето. Тој вели дека маслиновото масло содржи материи исто како и лекот ibuprofen. Др. Гари додава дека сите луѓе кои што патат од хронична болка можат да користат по две супени лажици на ден маслиново масло и тоа ќе делува исто како анелгетик, само поприродно и побезбедно.
Најдобро е маслиновото масло кое се добива со првото цедење, велат научниците. Ладно исцеденото масло е богато со многу витамини, а освен тоа има и ферменти кои го подобруваат неговото разградување во гастро-интестиналниот систем. Малиновото масло е одличен лек за болести на црниот дроб, болести на цревата, опстипација, камен во жолчка и слично.
Просечна содржина на 100 грама маслинки
Калории – 150
Фосфор – 4 Mg
Магнезиум – 11 mg
Јаглени хидрати – 3,8 грама
Протеини – 1 грам
Масти – 15,3 грама
Калциум – 52 мг
Железо – 0,5 мг