Често луѓето сметаат дека мажите се тие кои имаат разни стравови пред да имаат однос со една жена, но како што знеме мажите ретко имаат проблем да постигнат оргазам и скоро секогаш за време на сексот уживаат безрезервно.
Жените се тие кои својот оргазам си го уништуваат со непотребни мисли кои се мотаат низ нејзината глава. Ова е главната причина која ги ‘’лишува’’ жените од оргазамот – сметаат научниците, а еве некои од тие мисли кои ја уништуваат самодовербата на жената:
Мислам дека мојата вагина изгледа чудно
Колку вагини имате видено досега за да сметате дека вашата изгледа чудно? Да, ова е чест проблем особено кај тинејџерките, но треба да знаете дека вагината може да има различни облици и величини, а оние мазни со целосно правилна форма можете да ги видите само на порно филмовите.
Незнам дали сум спремна
Нормално е особено во почетокот, да има несигурност, но сепак морате да разграничите во себе дали вие го сакате тоа или тоа сакате да го направите само за да му удоволите на партнерот. Доколку ова второто е во прашање тогаш дефинитивно не треба да имате однос.
Што ако не му се допадне моето тело?
Овој страв се јавува секогаш кога жените треба да имаат односи за прв пат со некој партнер. Жените секогаш сметаат дека нешто не е во ред со нивното тело, целулит, неисончаност, акни и уште кој знае што. Немојте да се споредувате со телевизиските ѕвезди, тие претрпуваат многу шминкања и фотомонтажи. Мажот во тие моменти ни на крајот на паметот нема да го забележи вишокот целулит или тенките стрии поради кои вие неможете да си ги ослободите мислите.
Сексот не е баш онаков каков што си го замислував
Целиот секс не се состои само од пенетрација. Ако за мажот тоа е повеќе од доволно, за жената не е. Повеќе од 80% од жените неможат да доживеат оргазам само со пенетрација. Па доколку ова ви представува проблем, покажете му на партнерот што треба да прави, бидејќи во таквите моменти вашето тело најубаво го знае тоа.
Што ако забременам или добијам некоја сексуално пренослива болест
Стравот од несакана бременост е најголемиот проблем кој го имаат жените за време на сексот. Тоа докажано го уништува нивното уживање, за разлика од мажот кој не се оптеретува толку со тие мисли иако грижата треба да биде подеднаква. Треба да знаете дека кондомот штити и до 98% од несакана бременост и СПБ, а исто така и секогаш можете со себе да имате “пилула ден потоа” за “недај боже”, па така вашите грижи се неоправдани, барем за време на тие минути кои треба да ги резервирате за уживање.