Претерано пиење млеко води до летаргија и напнатост

Млекото е корисно, но во умерени количини. Ако го конзумирате во големи количини, можете да станете летаргични и напнати.

“Препорачаната дневна количина на млеко и млечни производи е од 300 до 500г”, вели Др. Ханс-Хелмут Мартин. Луѓето кои не го сакаат обичното млеко, можат да конзумираат јогурт, сирење, урда, по можност без шеќер и бои.

“Предозирањето” со млеко води до дебелеење. Заситените масни киселини во млечните производи го забавуваат метаболизмот. Ова може да доведе до летаргија.

Ако млекото го конзумирате во недоволно количество, исто така е нездраво. Недостатокот на калциум може да доведе до остеопороза. Можно е, исто така, да се јави дефицит на витамин Б2 и да почне да се лупи кожата и да се јават пукнатини на усните.

Млекото содржи и витамин Б12. При недостиг од него се добива анемија, замор и тешкотии во концентрацијата.