Луѓето кои што мислат позитивно и имаат позитивни чувства имаат подобро кардиоваскуларно здравје, се вели во новото истражување.
Научниците од харвардското училиште за јавно здравје прегледале повеќе од 200 други студии со цел да ги пронајдат врските помеѓу позитивното психолошко здравје и кардиоваскуларното здравје.
Пронајдено е дека оние кои што се оптимисти имаат во просек за 50% помал ризик за срцев удар или мозочен удар во споредба со другите не толку позитивни испитаници.
Главниот истражувач, Д-р. Јулија Боем вели дека факторите како што се оптимизмот, задоволството од животот и среќата се поврзани со намален ризик за појава на кардиоваскуларни болести без разлика на староста, социоекономскиот статус, пушењето или телесната тежина.
Студијата исто така покажува дека луѓето кои што се во добро психолошко здравје имаат поздрав животен стил, повеќе вежбаат, умерено се хранат и редовно спијат.
Иако, линковите помеѓу срцевите болести и менталното здравје сеуште не се комплетно разбрани, оваа студија ја подвлекува потребата во грижата за пациентите докторите да применат и холистички пристап.