Изгледот на ноктите ја открива вашата здравствена состојба

Обликот на ноктите, нивниот изглед и нивната општа состојба може да укажува на сериозен недостаток на хранливи материи во вашето тело.

Вашите нокти се барометар за вашето здравје. Тие може јасно да ви дадат до знаење во каква состојба е вашето тело.

Суви и кршливи нокти

Потенцијално ви недостасуваат масни киселини во организмот. Во вашата исхрана треба да внесете сардини, лосос и харинга, два или три пати неделно. Исто така, салатите може да ги зачините со лажица или две ленено масло.

Меки нокти кои се разделуваат

Имате недостаток од калциум. Но, немојте веднаш да се нафрлите на неконтролирано конзумирање на сирење.

Надолжни бразди

Укажуваат на општ недостиг на хранливи материи. Престанете со пиење алкохол и пушење, бидејќи тоа ви ги одзема потребните минерали и витамини. Започнете да конзумирате повеќе овошје, зеленчук и интегрални житарици.

Попречни бразди

Укажуваат на слабо функционирање на тироидната жлезда. На огранизмот му се потребни селен, цинк и јод.

Бели дамки на ноктите

Неодстаток од цинк. Започнете да конзумирате јадење со ореви, семки, леќа и ориз.