Летото e познато по тоа што многу тешко можеме да заспиеме. Топлите ноќи не ни дозволуваат да се опуштиме и лесно да западнеме во длабок сон. Се чувствуваме изнемоштено, се потиме и превртуваме и многу тешко заспиваме. Сепак, постојат некои работи кон кои ако се придржуваме полесно можеме да се препуштиме на сонот во овие многу жешки летни вечери.
Внимавајте со телесната активност пред спиење
Многупати сме пишувале дека вежбањето и телесната активност се здрави, и тоа е точно, но избегнувајте ги барем три часа пред спиење. Телесната активност ја зголемува температурата на телото, а со тоа и работата на срцето, па и на сите други органи. Многу тешко ќе заспиете во жешките летни ноќи по интензивна телесна активност.
Внимавајте со изложеноста пред монитор или ТВ пред спиење
Истражувањата покажуваат дека е потребно барем еден час, телото да се “излади” од прекумерната изложеност од електронските уреди. Одењето на спиење веднаш откако ќе станете од компјутерот или телевизорот воопшто не е добра идеја, бидејќи истите ги намалуваат хормоните кои се одговорни за заспивање.
Внимателно со течностите пред спиење
Во лето е многу важно да се внесуваат што е можно повеќе течности. Сепак избегнувајте голема количина на течности час или два пред спиење бидејќи ќе дојдете до ситуација кога треба да се препуштите на сонот да мора да одите до тоалет. Исто така не одете ниту жедни во кревет, бидејќи тоа не е здраво за организмот, а згора на тоа ќе морате пак да станувате за да ја изгаснете жедта. Со неколку збора кажано, направете баланс на внесот на течности пред спиење.
Пред спиење внимавајте што читате
Немојте пред спиење да се занимавате со возбудливи психолошки романи, тие само ќе го разбудат мозокот и ќе ви биде многу тешко да заспиете.
Не работете ноќе
Особено не во летните вечери. Работата целосно ќе го активира мозокот, па откако ќе си легнете ќе ви требат часови за да престанете да мислите на истата и да можете да заспиете.