Многу луѓе сметаат дека плодноста е „женски проблем“, но сепак, особено во последниве години, дури една третина од сите случаи на неплодност се однесуваат на машката популација. Како што жените редовно одат на гинеколог, преглед кој се препорачува на секои 6 месеци, време е и мажите да го посетат својот уролог. Некои мажи не сакаат да ја испитуваат плодноста, најверојатно, за да не бидат засрамени, но раната дијагноза може да помогне во решавањето на овој проблем. Овој проблем стана многу чест и актуелен последниве децении помеѓу младите парови.
Најчести причини за неплодност:
– Годините – како што поминува времето така се намалува шансата за плодност и кај мажите и кај жените;
– Пушење цигари или марихуана – Кај оние што редовно пушат се покажува намалена желба за полови односи, како и зголем процент на неплодност. Доколку престанете да пушите, либидото ќе се зголеми, а со тоа и квалитетот на спермата.
– Претерано пиење алкохол – Ова е уште една од главните причини за намалување на либидото. Можеби ви е убаво ноќта кога ќе претерате, но сфатете го ова сериозно…придонесува за неплодност.
– Прекумерна тежина – Здравата исхрана полна со овошје и зеленчук, клучни витамини и минерали уште еднаш се издигнува на врвот, но овој за многу посериозен проблем. Потребно е да се јаде храна со многу фолна киселина, витамините Б, Ц и Е со многу калциум и магнезиум. Особено е важен витаминот Д, кој го добиваме од сончевата светлина.
Мажите со прекумерна телесна тежина имаат намален квалитет на спермата или сперматозоидите не се доволно подвижни. Масното ткиво влијае на метаболизмот на хормоните, а неплодноста кај дебелите мажи е проценета на 40-60%. Во многу случаи мажите кои својата телесна тежина ја довеле до нормала, ја спречиле својата неплодност.
– Минати или присутни инфекции – Сексуално преносливи заболувања или инфекции од типот на гонореа и кламидија, простатитис (воспаление на простата) и орхитис (воспаление на тестисите) предизвикан од mumps-вирусот (заушки) може да доведат до опструкција на изводните семени канали и со тоа да се оневозможи пасажата на сперматозоидите.
– Изложеност на токсини од животната средина и зрачење – Физичката неактивност придонесува за оваа состојба. Седењето пред компјутер, лаптоп или телефон исто така е голема причина, поради зрачењето. Тие влијаат на квалитетот на спермата.
Неплодноста може да се намали доколку телефонот не го носиме во џеб блиску до тестисите или другите органи.