Не секогаш холестеролот е опасен – кога е потребно да си внимателен?

Кога ќе слушнеш „ХОЛЕСТЕРОЛ“, ти се вклучуваат сите црвени аларми во главата?! Холестеролот е штетен, погубен за здравјето, лош, им прави проблем на крвните садови, претставува најголемиот џелат за срцето.

Да, ваквите мислења за овој тип на липид се многу чести. Донекаде издржани, но во голема мера погрешни.

Холестеролот е насекаде. Буквално!

Во структурата на секое ткиво, ќе го најдете холестеролот. Има восочна текстура, претставува липид и е задолжен за извршување на неколку главни функции:

  • Учествува во градбата на ткивата
  • Ја стимулира секрецијата на одредени хормони
  • Учествува во создавањето на жолчната течност
  • Стимулира излачување на витамин Д3

Холестеролот се јавува во две форми: ЛДЛ и ХДЛ

Холестеролот се создава во црниот дроб. Но, со својата структура на липид, тој не може слободно да се движи низ организмот. Од таа причина, се врзува со протеини кои го транспортираат низ организмот. На овој начин се создаваат липопротеините уште попознати како ЛДЛ и ХДЛ.

ЛДЛ или липопротеинот со мала густина, има задача да го транспортира холестеролот од црниот дроб до сите клетки каде е потребен.

ХДЛ од друга страна, е задолжен за транспорт на холестеролот од клетките назад во црниот дроб. Оттука, вишокот холестерол се исфрла со помош на жолчната киселина.

Како добиваме покачен холестерол?

Многу едноставно! Човековото тело произведува холестерол онолку колку што му е потребно за да се извршуваат сите горенаведени функции. Но, човекот го внесува холестеролот и преку исхраната – најчесто преку заситени и транс масти. Ова веднаш алудира на фактот дека правилната исхрана многу влијае врз нивото на холестерол во крвта.

Проблемот се јавува кога количината на ЛДЛ станува повисока од нормалната и телото има повеќе холестерол отколку што му е потребно. Оттука, овој липопротеин (ЛДЛ) се закитува со епитетот Лош Холестерол.

Сиот холестерол потребен за извршување на базичните функции е веќе распределен на соодветното место, а лошиот е токму оној кој останува како вишок да се таложи на ѕидовите на крвните садови.

Холестеролот влијае врз здравјето на срцето

Холестеролот се таложи на крвните садови. Со тоа го намалува слободниот проток на крвта. Стеснувањето на крвните садови од страна на холестеролот може да влијае директно и индиректно врз:

  • Покачување на крвниот притисок
  • Формирање тромбови
  • Појава на срцев удар
  • Појава на мозочен удар
  • Преоптеретување на срцето и појава на проширување на срцевиот мускул.
  • Задебелување на вените и појава на замор и болки во нозете.

Не дозволувај да дојде до ова!

Покачениот холестерол кој не се третира навреме, може да стане хроничен и засекогаш може да те врзе со редовна терапија. Редовната терапија со статини – лекови кои ги инхибираат ензимите за синтеза на холестерол во црниот дроб, може да бидат многу штетни по здравјето.

Твојот соборник против покачениот холестерол е спакуван во Dr. Viton – Holesterid. 5 квалитетни природни состојки кои ја вршат истата функција како статините, но без непосакуваните нус појави.

Dr. Viton – Holesterid содржи:

  • Квасец од црвен ориз со монаколин К, состојка која делува исто како статините (намалува излачување на холестерол во црниот дроб)
  • Екстракт од грчко семе – спречува апсорпција на холестерол во цревата
  • Екстракт од лист од маслинка – спречува акумулација на ЛДЛ во крвните садови
  • Екстракт од лист од зелен чај – намалува ниво на масти во крвта
  • Екстракт од лист од артичока – го претвора вишокот холестерол во жолчни киселини
  • Ниацин (витамин Б3) – го зголемува ХДЛ, го намалува ЛДЛ.

Твојата најдобра заштита за срцето, крвните садови и целокупното здравје се нарекува Dr. Viton – Holesterid.

Dr. Viton – Holesterid можеш да го купиш во аптеките на  Еурофарм, Зегин, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети во DM-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.

Dr. Viton – Holesterid можеш да го нарачаш онлајн на

https://alfalab.mk/proizvodi/dr-viton-holesterid/

Или на телефонскиот број: 02 3218 821 (Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот ) и ќе ти го доставиме на твојата домашна адреса со брза пошта.