Направете самите „француски“ маникир : шест едноставни чекори за совршени нокти

Класичниот и елегантен маникир кој никогаш не излегува од мода е добро познатиот „френч“ или француски маникир! Можеби од таа причина, Викторија Бекам не го менува овој маникир веќе со години!

Францускиот маникир е синоним на елеганција и стил! Благодарение на досетливите козметичарки, сега можете да имате шарени и интересни нокти кои наликуваат на вистински уметнички дела. Меѓутоа, ако сте љубители на класични и уредни нокти кои никогаш нема да излезат од мода, тогаш ви предлагаме да научите како самите дома да направите француски маникир.

[rpi]

Следете ги нашите совети кој ќе ве одведат до совршени нокти :

Подготовката е клучот за совршен француски маникир, велат експертите! Затоа е важно да го отстраните стариот лак со отстранувач за нокти без ацетон. Нежно исполирајте ги ноктите. Отстранете ги заноктиците или кожичката околу ноктите. Премачкајте ги ноктите уште еднаш со ацетон за да ги отстраните сите траги од стариот маникир.

1. Ставање на подлога е задолжително. Подлогата се става и од долната страна на ноктот за да се сочува површината на ноктот од вода, детерџенти и надворешни влијанија.

2. Лакирајте ги ноктите. Бојата изберете ја сами. Доколку сакате вистински „френч“ маникир, ви предлагаме розе нијанса. Го прекриваме со лак целиот нокот. Ако ноктите не се оштетени, можете да ги лакирате со светло розе нијанса. Ако треба да прекриете некоја маана на ноктот, земете лак во беж боја, добро ќе ја прекрие евентуалната неправилност.

3. Залепете самолепливи стикери на врвовите на ноктите за да ја извлечете белата линија.

4. Нацртајте бела хоризонтална линија. Првиот слој од белиот лак го нанесуваме многу малку. Почекајте малку и повторете ја постапката. Кога лакот ќе се исуши, можете слободно да ги тргнете стикерите.

5. Со четкица за шминкање и отстранувач на лак поправете ги евентуалните грешки.

6. Нанесете го престанатиот горен слој за заштита – безбоен лак. Им даваме блескав сјај на ноктите!