Поради високиот квалитет и идеалниот состав краставицата спаѓа во омилените летни јадења. Скоро да нема земја која не ја произведува. Таа освен што е здрава за вас како дел од исхраната, здрава е и за Вашата кожа. Ние ви нудиме неколку рецепти за домашни третмани на база на краставица за добро здравје, освежување и правилна ревитализација на Вашата кожа.
Универзален лосион за сите типови кожа
Изблендирајте три средно големи краставици, па целата каша со сокот ставете ја во шише. Веднаш потоа додадете 100 грама ракија, една лажица глицерин и половина лажица лимонска киселина. Оставете ја смесата 20 дена на силно сонце, а потоа едноставно процедете. Лосионот можете да го користите за лице и за тело низ целата година. Лосионот чувајте го на ладно.
Маска за мрсна кожа
Ситно изрендајте една краставица, а потоа помешајте ја со една лажица јогурт и една лажица мед. Додадете малку интегрално брашно за маската да може да се мачка. Потоа нанесете ја на чиста кожа, држете триесетина минути и измијте. Прво измијте ја кожата со малку млака вода, а потоа неколкупати со ладна вода. Доколку кожата ви е премногу мрсна, тогаш не ставајте веднаш крема за лице.
Лосион за мрсна кожа
Изблендирајте една краставица и смесата ставете ја во шише. Потоа во истото шише додајте една лажица мед, една лажица сок од лимон и една мала чашка ракија. Ако имате многу мрсна кожа мијте ја со оваа смеса и до пет пати дневно. Природниот лосион чувајте го во фрижидер. Ревитализираната, мазна и здрава кожа ќе ја забележите уште по првата недела од користење.
Зрела краставица, пресечете ја на пола, а потоа со лажица извадете ги семките. Потоа исечете ја краставицата на парчиња, додадете мед и измешајте. Не заборавајте за време на користењето очите да ги покриете со газа.
Купка од краставица за сува кожа
Крупно изрендајте неколку зрели краставици со кора. Потоа истите ставете ги во сад во кој предходно сте ставиле две јајца и лажица павлака и изматете ги. Пред да ја користите, добро истуширајте се и истријте ја кожата за да ги отстраните сите мртви клетки од истата. Потоа уште еднаш исплакнете се и нанесете од смесата. Потоа потопете се во када со млака вода и уживајте десетина минути. Веднаш потоа ставете ракавици и добро измасирајте низ телото. Откако ќе се измиете, односно истуширате, намачкајте се со лосион за тело кое и одговара на вашата кожа.
Краставица против изгореници
Краставицата можете да ја користите и против изгореници на многу едноставен начин. Само исечете подебело парче или парчиња во зависност од потребата и ставете на местото. Краставицата е особено корисна кај сончевите изгореници.