Најдете го витамин А во вашиот оброк

Витамините се природни супстанции во храната, од суштинско значење за телото да може да функционира совршено. Секој витамин има своја улога во организмот. Витамините се главно активни во развојот на нервниот систем, видот, голем број на реакции во телото, но исто така и во минерализација на коските.

Постојат две групи на витамини: оние кои се раствораат во вода (витамин Ц и сите Б комплекс витамини) и оние кои се раствораат во масти (витамин А, Д, Е и К). Иако тие се од суштинско значење за одржување на животот, витамините претежно не се произведуваат во организмот, туку се внесуваат, првенствено преку храна.

Витамин А и неговиот провитамин каротин

Дневните потреби се од 1-2 мг. Во поголеми количества го содржи зелениот зеленчук, особено спанаќ и кељ, моркови, домати, магдонос, грашок, млеко и со полномасни млечни производи, суво и мрсно овошје, цитрони, банани, праски, цреши, јајца, црн дроб, житарки, рибино масло. Недостатокот на витамин А предизвикува оштетување на видот во текот на ноќта, кршливи нокти и непријатни кожни промени.

Витамин А – ефектот на тело: да расте, да се изградува и ги одржува ткивата, кожата и слузокожата.

Продолжува за витамин Б1 …

 

Наш предлог :

 

NATURE ESSENTIAL –  SUPERVITAMINS & MINERALS

 

Print