Мислев дека е менопауза, но беше ДЕМЕНЦИЈА…

Не е тајна – кога ќе влезете во менопауза, настануваат проблеми со помнењето, имате како магла во мозокот, заборавате често, постојани промени во  расположението и намалена способност за фокусирање. Овие промени се совршено нормални бидејќи хормоните на вашето тело минуваат низ сосема голема промена од пред-менопаузалните години. Нормално, ова не е причина за загриженост. Секоја жена поминува низ овој процес, кај некои е поизразено, кај некои не.  Тоа е, се додека овие знаци не станат многу потешки. Ова беше случај со Џуди Прентис, која мислеше дека овие симптоми се сосема нормални за менопауза…но не беше менопауза. Еве ја нејзината приказна и она што сите жени можат да научат од нејзината ситуација.

Приказната на Џуди Прентис: Симптомите на деменција се мешаат со оние на менопауза
На 51-годишна возраст, Џуди се соочила со многу случки како неправилно пишување на броеви, неспособност да се паркира и покрај тоа што цел паркинг бил празен, одела во гардероба да пробува фустани кои веќе ги носела на себе…Сите овие симптоми почнале со заборавање, симптом кој сите го сметаат како прв симптом на менопауза и не му обрнувала многу внимание, дури и нејзиниот доктор не сметал дека е нешто загрижувачко.

Меѓутоа, до Божиќ 2016, Џуди почна да се загрижува, бидејќи нејзината состојба се влошуваше. Таа конечно му се довери на својот сопруг Френк во новата година дека на работа се бори со едноставни работи и задачи како броење и пишување.  Отидоа кај својот доктор, кој имаше неколку основни тестови за симптоми на деменција, кои биле позитивни. Таа била упатена на невролог за дополнителни тестови, а следниот месец била дијагностицирана деменција во почетна фаза. Џуди мораше да се пензионира, а нејзиниот сопруг мораше да преземе поголемиот дел од домашните обврски. Џуди се трудела постојано да прави се, но сепак се плаши да направи нешто повеќе од сендвич, бидејќи за се друго постои можност, а и голема веројатност да заборави што треба да се направи.

Тест за почетни симптоми на деменција и Алцхајмерова болест
Ако воопшто сте загрижени дека губењето на меморијата и мозокот може да се должи на нешто повеќе од само менопауза, постојат некои тестови што можете да ги направите дома за да ги тестирате симптомите на деменција, пред да почнете да го псоетувате вашиот лекар. Овие тестови ви помагаат подобро да одредите дали вашите тешкотии се должат на стрес, возраст или менопауза, или ако можеби имате рани знаци на деменција или Алцхајмерова болест.

Постојат многу онлајн ресурси, вклучувајќи го и меморискиот тест од MemTrax. Можете исто така да ја посетите веб-страницата на Алцхајмерова болест за повеќе тестови, вклучувајќи го и 15-минутниот тест за SAGE (самоуправно геокогнитско испитување), тест за цртање на часовникот и неколку други мемориски тестови кои ќе ви дадат добар пример и доказ за тоа дали вашиот мозок е во магла, колку е сериозна, или не постои причина за загриженост. Ако резултатите на овие тестови не се многу веродостојни или сте се уште загрижени за вашето ментално здравје и способности, одете кај вашиот доктор за длабинско тестирање на симптомите на деменција и за одредување на соодветна терапија.

Заклучни мисли
Алцхајмеровата болест и деменцијата се сериозни состојби кои во голема мера влијаат врз животот и на вашите пријатели, семејството и соработниците. Иако во моментов нема лек за тоа, постојат работи што може да се направат за да ви помогнат да управувате со симптомите и да живеете целосен, среќен живот. Ако почнете да забележувате навики кои се невообичаени за вас, не ги игнорирајте или не препишувајте се на стрес, стареење и менопауза; се тестира за да бидете сигурни дека тоа не е нешто посериозно.