Оваа салата можете да ја конзумирате кога сакате и колку сакате, а таа освен што ќе ви обезбеди витамини, минерали и сите есенцијални елементи за организамот, нема да допринесе за зголемување на килограмите, туку спротивното, ќе ви помогне да ја задржите витката линија.
Идеална е за појадок или вечера, а се прави на толку едноставен начин и со навистина за нас достапни продукти.
Што ни е потребно?
- Парче црвена зелка
- Парче бела зелка
- 4 моркови
- Главичка лук
- Маслиново масло
- Малку зачин
- Бибер
Како се приготвува?
Многу едноставно, само исечкајте ги сите продукти заедно, зачинете со бибер, зачин, сол и додадете го маслиновото масло, добро измешајте и тоа е се.
Зошто е корисна?
Секое овошје и зеленчук е корисно за нашиот организам, но црвените по боја навистина се посебни. Спојот на црвената зелка, морковот и црвениот лук, ќе дадат идеална количина на антиоксиданти и витамини за вашето тело и доколку редовно ја користите навистина ќе допринесете за:
- Подобар имунитет
- Подобар вид
- Здрава кожа
- Виталност
- Витка линија
… и уште многу други корисни својства . Салатите од зеленчук се најдобар избор за топлите летни денови, па затоа ви препорачуваме да ги користете што е можно повеќе и останете целосно здрави и витални во текот на целото лето.