Мажи & импотенција … симптоми, причини & лекување

Машката импотенција, позната и како еректилна дисфункција, претставува неможност мажот да постигне ерекција или да ја задржува истата се до завршувањето на сексуалниот чин. Ова нарушување може да биде разурнувачко за мажите и за нивните сексуални партнерки. Процените се дека од 15 до 30 милиони мажи во светот страдаат од импотенција, при што најголемиот процент е кај мажите над 65 годишна возраст.

Иако импотенцијата се смета како нарушување во старите години, таа може да се јави кај сите мажи во било која возраст по пубертетот. Се смета дека машката импотенција се јавува поради физички или психички причини.

Постојат неколку начини за лекување на ова нарушување и генерално машката импотенција може да се третира во било која возраст.

Причини за импотенција

Машката импотенција може да се јави поради бројни причини. Причините можат да бидат од физичка или од психичка природа. Физичките причини содржат фактори како повреди, додека психолошките причини се референцираат кон вознемиреноста, депресијата или стравот.

За да подобро се разберат причините за импотенцијата, неопходно е да се разбере како настанува ерекцијата. Ерекцијата на пенисот претставува низа од бројни настани кои што се случуваат со определен редослед. Вклучува присутство на возбудување при што нервите испраќаат сигнали кон мозокот, кој што пак одговара со испраќање на сигнали кон ткивата на пенисот.

Поради тоа, доаѓа до зголемување на протокот на крв во ткивата на пенисот, кои што кога ќе се наполнат предизвикуваат ерекција. Нарушувањето во било која етапа од претходно набројаните може да резултира со импотенција.

Психолошки/физички причини

Машката импотенција за време на постарите години од животот генерално се поврзува со веќе постоечки болести кои што го афектираат снабдувањето со крв и пропусноста на нервите, повреди или пак несакани дејства од некои лекови.

Дијабетесот, нарушувањата на бубрезите, артериосклерозата, нервните нарушувања и состојбите како хроничниот алкохолизам може да имаат големо влијание во снабдувањето со крв и поради тоа, причинуваат импотенција.

Животните навики, како што се пушењето, преголемата телесна тежина, летаргичниот животен стил можат исто така да афектираат врз текот на крвта и можат да предизвикаат импотенција. Исто така, една од причините може да биде и недостаток на хормони.

Во некои ретки ситуации, може да се забележи импотенција ако имаме повреда на пенисот, неговите структури или нервните клетки. Исто така, слични ефекти можат да предизвикаат и оперативни зафати во тој регион.

Консумацијата на определени групи на лекови исто така може да доведе до импотенција. Антидепресивите, лековите за снижување на притисокот, антихистаминиците, потиснувачите на апетит, се познати како намалувачи на проткот на крвта во пелвичниот регион што резултира со импотенција кај мажите.

Психолошки причини

Околу 10% до 20% од мажите страдаат од психолошка импотенција. Овој вид на импотенција може да се забележи при секоја возраст. Најчестите психолошки фактори се: депресија, стрес, вознемиреност поради импотенција или сексуална средба, чувство на вина, ниска самодоверба и страв.

Ризик фактори

Секој фактор кој што влијае врз протокот на крвта или врз нервните завршетоци во ткивото на пенисот се смета како ризик фактор за машката импотенција. Најчестите ризик фактори се:

· Возраст над 60-65 години

· Присутство на други нарушувања како што е дијабетесот

· Прекумерна тежина

· Пушење

· Летаргичен стил на живот

· Лекарства

· Недостаток на тестостерон

· Присутство на психолошки нарушувања или состојби како вознемиреност, депресија и други

Овие ризик фактори влијаат или на протокот на крвта или на преносот на нервните сигнали. Некои од овие фактори можат и заеднички да делуваат за да придонесат кон појава на импотенција. Староста се смета како најголем ризик фактор, но таа не е единствениот. Постојат индивидуалци кои што можат да доживеат успешна ерекција и сексуален однос, а имаат над 70 години.

Симптоми

Во однос на дефиницијата за еректилната дисфункција, велиме дека индивидуалецот пати од истата ако не може да постигне ерекција или не може да ја одржува ерекцијата во текот на сексуалниот однос. Се смета дека еден маж страда од импотенција ако во повеќе од 25% од случаите не може да изврши сексуален однос.

Нормално, мажите можат да добијат ерекција поради различни видови на стимулација како што се гледање, слушање, допирање или мирисање. Сензациите како претходно наведените, резултираат со генерирање на сигнали на возбуда од страна на мозокот, кои што пак резултираат со забрзано срцебиење и зголемен доток на крв во пенисот. Откако крвта ќе ги наполни сите ткива во пенисот, настанува ерекција. Овие процеси, кај оној што има импотенција се нарушени.

Откако ќе настане ерекцијата, ткивата во пенисот се контрахираат, при што се превенира враќањето на крвта. Ткивата не се ослободуваат се додека не настане ејакулација. Откако мажот ќе ејакулира, зачуваната крв се чисти и протокот на крв се враќа во нормала. Мажот може да пенетрира во жената само ако неговиот пенис е еректиран и тврд. Кај оние мажи кои што патат од импотенција, стадиумот на ерекција или трае многу кратко или пак воопшто не се појавува. Тоа доведува до неможност за пенетрација во партнерката.

Врз основа на симптомите, импотенцијата може да ја класифицираме во три категории:

· Блага импотенција: намалена способност за добивање или одржување на ерекција со често задоволителен сексуален однос

· Средна импотенција: намалена способност за добивање или одржување на ерекција со ретко задоволителен сексуален однос

· Честа импотенција: намалена способност за добивање или одржување на ерекција со многу ретко задоволителен сексуален однос

Мажите кои што патат од блага импотенција можат да бидат во можност да добијат ерекција и да имаат задоволителен сексуален однос со ејакулација, но фреквенцијата на таквите задоволителни сексуални односи може да варира. Во случајот на средна импотенција, задоволителните сексуални односи се многу помали на број. Во некои случаи, мажите се дури и неспособни да имаат сексуален однос.

Мажите кои што се импотентни, можат да страдаат и од депресија, анксиозност или иритантност поради неможноста да имаат сексуален однос.