Масло од лук – природен антибиотик и најголем чувар на срцето

Иако малку непријатно и тешко мириса, па младите не сакаат да го консумираат, лукот е познат по своите лековите својства и е најупотребувана состојка во лековите од народната медицина.

Пред многу години, пред доаѓањето на модерната медицина и медицинската опрема, нашите предци се потпираа на чуда од природата да останат здрави и успеваа. Еден од најпопуларните традиционални лекови, лукот е се уште познат во целиот свет за неговата извонредна способност против бројни болести и состојби. Но придобивките од масло од лук се уште побројни.

Се бори против кожни болести, акни, црвенила и лузни
Лукот е полн со хранливи материи и антиоксиданси познати во борбата против акните. Тој содржи селен, алицин, витамин Ц, витамин Б6, бакар и цинк. Цинкот има  својства кои го контролираат себумот. Лукот е  анти-воспалителни агент и помага за смирување на воспалена кожа. 

Штити против бактерии
Алицинот е активно соединение кое се наоѓа во лукот, и покажа антимикробна активност против многу бактерии, габи, паразити, и вируси, како што се Escherichia coli, Candida albicans, и Giardia lamblia и слични бактерии.

Го штити срцето и го намалува холестеролот 
Една студија од весник од Братислава сугерира дека лукот има предности за заштита на срцето со што помага во релаксација на васкуларните мазни мускули и го намалува крвниот притисок. Маслото од лук помага во намалување на отчукувањата на срцето при каков било физички напор, а со тоа ја подобрува и состојбата кај пациенти со коронарна артериска болест.

Уште една добитна комбинација, масло од лук со масло од риба, огромен ефект за намалување на холестеролот, нешто за кое се пишува и во американските весници за правилна и здрава исхрана.

Штити против рак

Според една студија, дисулфид соединенијата кои ги има во лукот всушност имаат антиканцерогени својства и помагаат при рак на дојка. Ова соединение го подобрува ефектот на еикозапентанонска киселина, стабилизаторот на рак на дојка, и го намалува ефектот на линолинска киселина. Поради високата концентрација на фитохемикалии штити од рак на кожата.

Ова се само 5% од здравствените придобивки од лукот, затоа не двоумете се и направете го неизбежен дел од секојдневната исхрана.

Наша препорака: Nature Essential – Масло од лукПрироден антибиотик кој го штити организмот од развојот на габи и бактерии кои се причинители на многу респираторни и стомачни болести. Маслото од лук е најдобриот „чувар на срцето“.

ПРОДАЖНИ МЕСТА:
Еурофарм Аптеки, Виола Аптеки, Галениум Аптеки, Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.

НАПРАВЕТЕ БРЗА ONLINE НАРАЧКА: 
https://alfalab.mk/proizvodi/garlic-oil
Направете телефонска нарачка секој работен ден од 8:30 до 15:30 часот.
Телефон за нарачки: 02 3218 821
(Достава до домашна адреса со брза пошта)