Магдоносот е исклучително богат со минерали и витамини А и Ц, како и со многу реткиот витамин Б 12, што го вбројува во редот на високо квалитетни и лековити производи.
Докторите по народна медицина ја препорачуваат оваа билка и против импотенција, бидејќи поволно влијае на циркулацијата. Листовите од магдонос најдобро е да се јадат свежи, бидејќи само на тој начин може да се искористат сите корисни материи. Не чини да го сушите или конзервирате, но затоа пак може да се замрзне. Бидејќи не бара многу, овој зачин може да се одгледува и во зимски услови на затворен балкон, па дури во соба.