Лекувајте ги менструланите тегоби со чај од Mајчина душица

Мајчината душица е растение кое го има речиси на сите балкански простори. Се собира од планинаските ливади се суши и од него се приготвува чај. Доколку не успеавте да наберете, чајот од мајчина душица може да се најде и во маркетите во филтер кесички.

За чајот од мајчина душица е познато дека помага кај заболувањата на дишните патишта, а се употребува и против желудечни тегоби и проблеми со варењето. За чајот од мајчина душица веќе споменавме дека е особено добар за смирување на нервниот систем, и дека влегува во состав на многу лекови за смирување.

Така уште еднаш ќе нагласиме дека чајот од мајчина душица е ефикасно средство за да се справите со стресните денови и да се релаксирате.

Чајот од мајчина душица е многу ефикасен за смирување на цревната перисталтика, па поради тоа се користи во случаеви на интензивна дијареа, сам или во комбинација со друга терапија.

Овој чај е особено користен и при нередовни менструации, болни и обилни менструации, исто така сам или во комбинација со друга терапија. Го препорачуваме на сите жени кои имаат проблематичен месечен циклус. Во тие денови интензивно конзумирајте го чајот од мајчина душица и со сигурност ќе забележите олеснување.

Подготовка:

Најлесно, како што рековме, можеме да го најдеме во маркетите во филтер кесички, а секако можеме и сами да си го приготвиме, доколку дома имаме сушена мајчина душица. Доколку поинаку не е напишано, чајот се приготвува така што во 2 дл. вода се става една кесичка, или две-три лажици од сушената мајчина душица. Се остава да стои 10 до 15 минути поклопен, а потоа кесичката се вади или се процедува и се конзумира.