Сакате да изгубите некој килограм, но да не изгледате слабо и безживотно? Сакате да уживате во тренингот без да чувствувате замор по само неколку минути? Па,
Л- карнитин е она што ви треба.
Што е Л-карнитин и како делува?
Л- карнитин е природен додаток во исхраната. Нашето тело го произведува во црниот дроб и бубрезите, а тој ни помага за претворање на мастите во енергија. Фигуративно, ако телото е мотор, а мастите се горивото, Л-Карнитинот е маслото кое го подмачкува тој систем. Л-Карнитинот е тој кој ни овозможува трансфер на долг синџир на масни киселини во митохондриите каде што потоа може да се искористат како извор на енергија. Ако немате доволно Л-Карнитин во организмот, додатокот на Л-Карнитин ќе ве направи повеќе ентузијастички и исполнети со енергија, чувството на глад ќе се намали и ќе се подобрат функциите на телото и ќе се зголеми концентрацијата.
Совршено обликувано тело
Л-карнитинот е одличен за согорување на вишокот масти и ослободување од вишокот килограми. Освен тоа што ги транспортира мастите до митохондриите како извор на енергија, истражувањата покажуваат дека го намалува апетитот. Дополнително, неговиот ефект на зголемување на издржливоста ќе ви овозможи поефикасни тренинзи во кои ќе согорите повеќе калории. Ја зголемува оксидација на масните киселини со што се обезбедува повеќе енергија, што допринесува за поголема мускулна маса.