5 неверојатни придобивки од „кралицата на зачините“ – куркума

Како припадник на семејството на ѓумбирот, куркумата  често се нарекува “кралица на зачини”, која се користи во Индија и на Блискиот Исток илјадници години. Освен тоа што се користи за давање боја и вкус на храната,делува и како лек за многу болести.  Антивоспалителните својства на куркума се главната причина што растението се користело за лекување на широк спектар на состојби, како што се проблеми со кожата, здравјето и убавината. Покрај тоа, куркума е богата со анти-канцерогени, анти-вирусни, анти-мутагени и антибактериски својства.
Прочитајте што сѐ може да придонесе ова неверојатно соединение.

Куркумата – борец против ракот 
Хроничните инфекции и воспаленија се главни фактори на ризик за различни видови рак. Редовната консумација на куркума придонесува за намалување на стапките на рак. Куркуминот ја намалува продукцијата на туморот, ја блокира трансформацијата на клетките и  го минимизира ширењето на одредени видови рак.

Куркума – заштитник на мозокот 
Третманот за Алцхајмерова болест со куркумин има заштитни ефекти, помага при  блокирање на формирањето на амилоидни плаки и намалување на производството на воспалителни супстанции. Исходот е намалено влошување на функцијата на мозокот, што може да го забави развојот на оваа болест.

Куркума и артритисКористењето куркума во случаи на остеоартритис и ревматоиден артритис води кон намалување на болката, вкочанетоста и воспалението, според еден напис објавен во The Journal of Alternative and Complementary Medicine. Овој ефект е поврзан со антиинфламаторните и антиоксидантните својства кај куркумата , па редовното консумирањето резултира со помалку болки и воспаление на зглобовите.

Куркума и депресија
Депресијата е една од најчестите современи психолошки маки и куркуминот во куркумата може да се бори против тоа на повеќе начини. Прво, куркуминот го зголемува нивото на невротропските фактори кои придонесуваат за растот и опстанокот на нервните клетки. Следно, се бори против воспалителни и оксидативни реакции за кои се знае дека се двигатели на депресијата. И на крај, куркуминот може да го модулира нивото на невротрансмитери во човековиот мозок.

Лекува проблеми со кожатаКуркумата е моќен антиоксиданс, со антиинфламаторни својства. Оттука, се покажа дека е исклучително ефикасна во лекувањето на многу кожни проблеми. Помага во заздравувањето на раните. Исто така, може да ги спречи појавите на акни со смирување на порите и може да помогне во намалувањето на флеките.