Целулитот е предизвикан од неколку фактори како што се: несоодветна исхрана, намалена физичка активност хормонална нерамнотежа, генетски предиспозиции, пушење, стрес …
Појавата на целулит е многу почеста кај жените отколку кај мажите, што укажува на тоа дека влијанието на хормоните е многу важно и произлегува поради високото ниво на хормонот естроген Познато е дека тешко се искоренува, бидејќи тоа бара долготраен третман, кој бара промена во начинот на живот Целулитот не е само козметички проблем, туку треба да се сфати како болест која во напредна фаза предизвикува болка на допир на погодените места. Може подоцна да доведе до сериозни проблеми со циркулацијата и оптеретување на зглобовите.
Научните истражувања покажуваат дека успешната борба против целулитот лежи во правилната исхрана и физичката активност.
Кога станува збор за исхраната, неопходно е телото да се обезбеди со повеќе течност за да се забрза метаболизмот и елиминираат токсините. Најдобро е да се пие нехлорирана изворска вода и растителни чаеви кои ја забрзуваат циркулацијата на крвта и детоксикација на телото. За третман на целулит најголем ефект имаат чаевите од коприва, глуварче, коњско опавче, стебла од цреша и неизбежниот зелен чај.
За исфрлање на штетните материи од телото зголемете го внесувањето на храна богата со витамин Ц (лимон, киви, пиперки), и храна богата со калиум (банани, праски, грашок, интегрални житарки, ореви, бадеми) и сулфур (пилешко, риба, млеко, јајца). Артичок, зелка и ананас се исто така добар природен лек за целулитот, бидејќи тие се природни диуретици и антиоксиданси. Сојата и производи од соја, секако, ќе бидат добредојдени.
Во борбата против целулитот важно е да се избегнува: мрсната храна богата со холестерол, слатките, белиот леб, алкохолот, цигарите, кафето, безалкохолните пијалаци, конзервираната храна Важно е да знаете дека прекумерната доза на сол ја задржува водата во телото, затоа храната не ја солете повеќе од потребното.
Не треба да се занемарува секојдневното вежбање, дури и тоа да е лесна прошетка со која се забрзува метаболизмот. Пешачењето во природа ќе ве обезбеди со доволно количество на кислород кој е неопходен за тело.
Лесната масажа ја поттикнува циркулацијата, која е од суштинско значење во борбата против целулитот.
Релаксирање и медитација се одлични за превенција, бидејќи можат да го спречат создавањето на целулит.
За подготовка на анти-целулит производи кои се користат надворешно (разни креми и масла), најдобар природен лек е растението бршлен.
Чај од глуварче против целулит
Мала лажичка мелен сув корен од глуварче да се стави во 2 дл вода и се готви на тивок оган неколку минути. Потоа оставете да одстои 15 минути и процедете. Чај да се пие незасладен или засладен со мед, и тоа неколку пати во текот на денот.
Чај од глуварче го прочистува телото и помага во борбата против вишокот килограми и целулитот.
Масло од бршлен против целулит
Во темно шише ставете 1/2 л маслиново масло и во него ставете 20 гр. листови од бршлен, десет капки есенцијално масло од рузмарин и неколку капки од лимон. Затворете го шишето и оставете го 40 дена на топло и темно место. Еднаш дневно малку протресете го.
После тоа, процедете го и нежно втриете го (додека кожата да го впие) се применува во областите погодени од целулит, секоја вечер со цел маслото да дејствува во текот на ноќта.
Кремот на бршлен против целулит
Во 500 гр. свинска маст додаде по 50 мл тинктура од лист од бршлен, 50 мл масло од чичков корен и 50 мл масло од цвет од невен. Смесата загрејте ја на 70 ° C и со постојано мешање, додадете 50 мл стопен пчелин восок
Готовата смеса истурете ја во тегли и затворете ги добро. Секоја вечер пред спиење, нанесете крема на деловите од телото кои се погодени од целулитот и масирајте по 15 минути.