Нивото на холестерол во крвта зависи од возраста, тежината и полот. Но, со годините секој организам почнува да создава повеќе холестерол, бидејќи црниот дроб забавено го исфрла вишокот холестерол од крвта.
Високиот холестерол е причина за 4.4 милиони смртни случаи годишно, некои починале од срце, некои од мозочен удар.
Затоа, лекарите препорачуваат редовните контроли на холестеролот да стартуваат во 20-тите години од животот и да се прават на секои 5 години.
Светот има проблем со покачен холестерол поради начинот на кој живееме!
Што е холестерол и како се мери?
Холестеролот е восочна супстанца што се дели на два типа: липопротеин со ниска густина (ЛДЛ) и липопротеин со висока густина (ХДЛ).
Ако во крвта се зголеми нивото на ЛДЛ или лошиот холестерол, тој ќе почне да се таложи во крвните садови содавајќи масни депозити наречени плаки. Плакот го отежнува протокот на крв, а тоа го зоглемува ризикот од срцев или мозочен удар.
Докторите може да ги измерат вредностите на ХДЛ, ЛДЛ и на вкупниот холестерол. Резултатите може да го покажат и нивото на сите лоши масти кои го покачуваат ризикот од срцево заболување.
Нивоата на холестерол и годините
Чекорите што сега би ги преземал за да го одржиш холестеролот стабилен, би те поштедиле од сериозни компликации во иднина. Како старееш, така станува сè потешко да го одржиш холестеролот, особено ако си имал покачени вредности и не си ги третирал.
Новите препораки велат дека после навршување 20 години, секој треба да го проверува холестеролот на секои 4 до 6 години. Ако имаш генетски предиспозиции за срцева болест или некоја друга хронична состојба, препорачливо е проверките да се почести.
Во однос на децата, помала е веројатноста да имаат покачен холестерол. Докторите сугерираат да им се направат барем две проверки пред да наполнат 18 години. Децата со ризик фактор за покачен холестерол можат и почесто да се проверуваат.
Вообичаено е мажите да имаат повисоки нивоа на холестерол во однос на жените. Холестеролот кај мажите расте со годините, холестеролот кај жените расте после менопауза.
Табелата подолу го покажува здравото ниво на холестерол соодветно за годините. Докторите го мерат холестеролот во милиграми на децилитар (мг/дл).
Тип на холестерол | Кој било на возраст од 19 години или помлад | Мажи на возраст од 20 години и постари | Жени на возраст од 20 години и постари |
Вкупен холестерол | помалку од 170 мг/дл | 125–200 мг/дл | 125–200 мг/дл |
Липопротеини што не се ХДЛ | помалку од 120 мг/дл | помалку од 130 мг/дл | помалку од 130 мг/дл |
ЛДЛ | помалку од 100 мг/дл | помалку од 100 мг/дл | помалку од 100 мг/дл |
ХДЛ | повеќе од 45 мг/дл | 40 мг/дл или повисок | 50 мг/дл или повисок |
Препорачливо ниво на холестерол
Лекарот може да ги класифицира нивоата на една личност како високи или ниски, гранични или здрави.
Вкупен холестерол
Вкупните нивоа на холестерол под 200 мг/дл се здрави за возрасни.
Лекарите ги третираат отчитувањата од 200-239 мг/дл како гранични високи, а отчитувањата од најмалку 240 мг/дл како високи.
ЛДЛ холестерол
Идеално, нивото на ЛДЛ холестерол треба да биде помало од 100 мг/дл. Лекарите можеби нема да изразат загриженост за нивоата од 100-129 мг/дл за луѓе без здравствени проблеми, но тие може да предложат третман во оваа фаза за луѓе со срцеви заболувања или со фактори на ризик.
ХДЛ холестерол
Лекарите препорачуваат одржување на нивото на ХДЛ повисоко. Луѓето со читање помало од 40 мг/дл може да имаат ризик од срцеви заболувања.
Ако читањето на лицето е 41-59 мг/дл, лекарите ја сметаат оваа граница на ниско ниво. Оптималните нивоа на ХДЛ се 60 мг/дл или повисоки.
Нивото на холестерол кај децата
Според Американската академија за педијатрија, децата треба да имаат вкупен холестерол под 170 мг/дл.
Граничниот висок опсег е 170-199 мг/дл, а отчитувањето од 200 мг/дл или повеќе е високо.
Нивото на ЛДЛ холестеролот треба да биде под 110 мг/дл. Граничниот висок опсег е 110-129 мг/дл, а секое читање над 130 мг/дл е високо.
Како да се намали холестеролот?
Сигурно знаеш дека годините не се единствената причина за покачување на холестеролот во крвта. Напротив, во пораст е бројката на млади луѓе со покачени вредности кои се директна последица на погрешниот начин на исхрана (оброци кои изобилуваат со транс и заситени масти), пороците како алкохол и цигари и непрактикување никаква физичка активност.
Подобрувањето на овие 3 битни аспекти од животот несомнено води до намалување на холестеролот.
Храната треба да изобилува со овошје и зеленчук, посни протеини и житарки со цело зрно. 30 минутно вежбање е пожелно секој ден. Освен цигарите и алкохолот, треба да откриеш механизам што ќе ти помогне да се ослободиш од стресот, бидејќи и тој го покачува холестеролот.
Генерално, колку поскоро почнеш да ги воведуваш овие промени во животот, ќе имаш помалку натрупан холестерол со кој ќе треба да се справиш.
Високиот холестерол го зголемува ризикот од срцево заболување, срцев и мозочен удар без разлика колку години имаш. Ваквиот ризик само расте со годините. Затоа делувај на време!
Dr. Viton – Holesterid можеш да го купиш во аптеките на Еурофарм, Зегин, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети во DM-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.
Dr. Viton – Holesterid можеш да го нарачаш онлајн на
https://alfalab.mk/proizvodi/dr-viton-holesterid/
Или на телефонскиот број: 02 3218 821 (Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот ) и ќе ти го доставиме на твојата домашна адреса со брза пошта.