Кои производи ја предизвикуваат непријатната миризба на вашето тело?

Доколку имате проблеми со непријатни телесни мириси, иако водите сметка за хигиената, можеби би требало да ѕирнете во вашата чинија…

Познато е дека лукот е главен причинител за лошиот здив. Тој содржи сумпор, кој се ослободува со дишењето и преку порите на телото. Меѓутоа, и премногу зачинета храна може да доведе до зголемено внесување на сумпор и непријатен мирис.

Црвеното месо потешко се вари ,па затоа не е чудно што многу се потите кога ќе се прејадете. Вашиот природен мирис можат дополнително да го засилат и газираните пијалоци , чоколадото, алкохолот и чајот, бидејќи барем 10 проценти од количината која сте ја внеле, организмот нема да може да ја свари.

Зголеменото внесување на брза храна во комбинација со недоволно физички активности, доведува до натрупување на масните наслаги во телото, кое исто така предизвикува претерано потење и непријатни мириси. Солта, шеќерот и маслото би требало да го внесуваме во ограничени количини, а брзата храна е богата со овие продукти.

Млечните производи се богати со протеини, па доколку ги консумирате во поголеми количини може да дојде до проблеми со варењето, а како последица на тоа настануваат непријатни мириси.