Коензим Q10 (CoQ10) е моќна антиоксидантна материја позната како ubiquinone 10. Во 1978 година научниците Peters и Michael добиле Нобелова награда за откривање на овој моќен енергетик кој го зголемува нивото на клеточна енергија и благотворно влијае на имунолошкиот систем.
Метафорички кажано, претставува погонско гориво без кое клетките не би можеле нормално да функционираат. Со текот на годините неговата синтеза се намалува дури до 80%, а започнува веќе по 30тата година. Како последица на неговата намалена продукција се забавуваат енергетските процеси во нашето тело, што прво се манифестира на срцевата работа, а потоа доведува до ослабување на имунитетот, омалаксаност, слабост и акумулација на масни наслаги.
7 причини зошто е НЕОПХОДЕН:
- Против кардиоваскуларни болести;
- За болести на срце (ослабено срце, аритмија, ангина пекторис, инфаркт). Најдобро делува во комбинација со моќни антиоксиданси како селен и глутатион. Q10 и селенот се нарекуваат “совршени партнери за здраво срце”.
- Покачен крвен притисок;
- Превенција од мозочен удар;
- Паркинсонова и Алцхајмерова болест – спречува оштетување на нервните клетки предизвикано од неисхранетонст и токсично оштетување;
- Против стареење на сите клетки и ткива во нашето тело, против брчки;
- Дополнителна терапија при канцер – го подобрува имунитетот кај пациентот и го заштитува срцето при хемотерапија (доксорубицин, даунорубицин);