Јаболко и чоколада – супер здрава храна за здраво срце, препорачано од Д-р Оз

По препорака од страна на познатиот Д-р Оз конзумирањето на јаболка и темно чоколадо е “супер храна”, која се препорачува како лек за спречување на болести на срцето и крвните садови.

Јаболкото а особено неговата кора содржи соединение кверцетин кое има својствата  да спречи воспаление на внатрешноста на крвните садови. Оваа функција може да ја зголемите со флавоноиди со кои е богато темното чоколадо, а кои се силни антиоксиданси.

Според истражувањата, комбинацијата на овие два вида на антиоксиданси во јаболка и темно чоколадо значително може да го намалат ризикот од срцеви заболувања и да го спречат застојот на крвните садови.

Комбинацијата се однесува на нелупени по можност непрскани јаболка и темно чоколадо со висок процент на какао. Затоа не двоумете се, бидејќи ова е еден од ретките прехранбени комбинации која е вистинско слатко а во исто време има значајни здравствени придобивки.

Препорака: исецкајте ги јаболката на парчиња и натопете ги во темно чоколадо растопено на ниска температура. Почекајте  чоколадото да се излади и зацврсти и  уживајте .Секако постојат и безброј други комбинации на овие две задоволства кои ги оставаме на вашата имагинација.